Македонија и САД на 7 април во Вашингтон ќе одржат стратешки дијалог - Канал 5

Македонија и САД на 7 април во Вашингтон ќе одржат стратешки дијалог

Македонија и Соединетите Држави на 7 април во Вашингтон ќе одржат состанок како дел од стратешкиот дијалог на двете земји... 

Македонија и САД на 7 април во Вашингтон ќе одржат стратешки дијалог

Плоден дијалог од кој ќе произлезат многу успшени резултати се очекувањата на премеирот Христијан Мицкоски од претстојната Сесија на стратешкиот дијалог со САД што ќе се одржи на 7-ми април во Вашингтон. Според премеирот ваквите активности се и потврда дека Владата води принципилена и стратешки важна меѓународна политика.

“Ние со нашите стратешки партнери САД кои се најголем наш стратешки партнер имаме навистина би рекол пријателска соработка и како дел од таа пријателска соработка е и овој стратешки дијалог којшто на почетокот од април ќе се случи во Вашингтон. На настанот ќе присуствуваат неколку членови од владата, ќе се разговара за соработка во повеќе области, но за деталите еве нека се случи па ќе зборуваме подетално. Јас очекувам навистина плоден стратешки дијалог и многу успешни резултати од оваа сесија на стратешкиот дијалог“

Делегацијата која за десетина дена ќе отпатува во Вашингтон ќе ја предводи шефот на дипломатиајта Тимчо Муцунски, а дел од неа ќе бидат и министрите Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Стефан Андоновски и Сања Божиновска. Нивен домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД Кристофер Лендау. Како што веќе најави Муцунски посбен акцент ќе биде ставен на визната политика, а во фокусот на стратешкиот дијалог со САД ќе бидат и одбраната и безбедноста, како и трговската и економската соработка. Македонија според Муцински ќе биде првата европска земја која ќе оствари стратешки дијалог во Вашингтон со актуелната американска админситрација.

По минатонеделната посета на Брисел Мицкоски најавува добри вести и од Европската комисија во однос на реформските чекори на Македонија на евроинтегративниот пат.

„Јас се вратив со добри вести од Брисел, но ќе чекам самата Европска комисија да ги соопшти во делот на испораката на реформската агенда. Не би сакал јас да бидам тој што тоа ќе го каже, но јас сум задоволен и оние средби коишто ги имаме и координативни состаноци за испорака на реформи кои што се дел од рефрмската агенда вродија со плод и така и ќе продолжиме во иднина. Нашиот приоритет е испораката на реформи и стабилност во регионот“

Премиерот Мицокоски посочи дека евентулни предвремени парламентарни избори не би биле државнички потег во моментот и најави дека тие ќе се одржат во редовниот термин пролетта 2028-ма година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер