Македонија и Бугарија со прва заедничка почест на гробот на Св. Кирил

Македонска и бугарска делегација предводена од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во базиликата „Свети Климент“ во Рим.

Учествуваа заеднички на молебенот во чест на Светите Кирил и Методиј. За прв пат македонски и бугарски премиер се поклонија заедно пред моштите на Свети Кирил.

Прв пред моштите на Свети Кирил венец положи премиерот Заев а потоа и бугарскиот премиер Борисов. Заев нагласи дека со заедничкото чествување испраќаат до светот порака за меѓусебен дијалог и разбирање а, Борисов говореше за убавината на тоа заедно да славиме а не да се караме.

-Со колегата Заев, со нивните и нашите владици и министри покажавме дека наместо да се караме и овие празници да се раздор, и да даваме изјави во Софија или Скопје, колку е подобро заеднички да чествуваме и славиме. Бидејќи тие се големи и свети браќа. Среќен празник на сите во Македонија и во Бугарија и насекаде каде луѓето слават изјави Борис Борисов претседател на влада на Р.Бугарија.

По изјавите двајцата премиери се ракуваа, случајно или не пред прозорецот за исповед.

Премиерот Заев ја предводи државно-црковната делегација во Италија во чест на манифестацијата,, Македонија во чест на Свети Кирил“.

Македонската делегација потоа се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде положи цвеќе на спомен плочата на папата Адриан Втори, а цвеќе ќе се положи и на споменикот на Светите Кирил и Методиј во амбасадата на Република Бугарија каде ќе имаат заеднички ручек двајцата премиери Заев и Борисов.

Премиерот Заев придружуван од владината делегација утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин.

Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно - уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер