Македонија го освои шестото место на Балканскиот шампионат - Канал 5

Македонија го освои шестото место на Балканскиот шампионат

 Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години го заврши настапот на БВА Балканскиот шампионат на шестото место. Во денешниот натпревар за пласман на 5.место Црна Гора оствари победа од 3:1 во сетови (25:17; 20:25; 25:19 и 25:25).

Македонија го освои шестото место на Балканскиот шампионат

Кадетите имаа многу добро претставување на Балканијадата на која запишаа две победи над БиХ со 3:1 во групата фаза и над Грција со 3:2 во разигрувањето за пласман.

Македонија загуби од Романија 3:2 по голема борба, како и од Турција 3:0 во групата, додека од Црна Гора поразот беше во разигрувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон

Старите навики и натаму се гледаат, побрзо возење меѓу пешаци, во спротивна насока, а речиси никој не ги турка тротинетите за да премине улица – па останува да се види, дали казните ќе ја поттикнат совеста кај оние кои возат тротинети.

Полицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон

А, токму овие навики денеска беа под лупа на полицијата која денеска на неколку локации во градот ги стопираше возачите на тротинети кои не се придржуваа до поригорозните правила кои сега се законски регулирани. Дел од нив беа изненадени, други пак со изговор дека не знаеле оти законот веќе е на сила, па им беше посочено од полицјата на што треба да внимаваат во иднина за да бидат сите побезбедни.

Забележавме на тротинетите и малолетници, кои не само што не смеат да возат, туку возеа и на булевар, во спротивна насока, а и побргу од утврдената брзина и покрај тоа што за нив казните се највисоки, односно 275 евра, а можат да останат и без тротинетот. Еден од малолетниците не успеа да ја избегне полициската стоп-палка.

Ако малолетник биде сопрен на тротинет, веднаш се повикуваат неговите родители, како и инспектор за малолетници – се изготвува записник и потоа следува прекршочната процедура – па затоа од МВР апелираат до родителите, за најмладите да бидат побезбедни, најважно е да се стекнат со сообраќајна култура и да научат да ги почитуваат законите од најрана возраст. Воедно, побараа сите да бидат внимателни за посигурни улици.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот како и до возачите на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државатам, бидејќи почитување на сообраќајните правила значи и заштита на човекови живот,- – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Електричните тротинети со новото законско решение станаа „лесно електрично возило“, а силата на електромоторот не смее да надминува 0,6 киловати и 35 кг без товар. Максимална дозволена брзина е 20 кмч на вело-патека, и 6 кмч на пешачка патека – возењето на булевар е забрането. Не смеат да се превезуваат други лица, во спротивно, и тој што вози, а и тој што се превезува ќе треба да платат по 100 евра казна. Воедно, тротинетот не смее да се вози при минување на пешачки премин.

За опасноста што ја носат овие превозни средства, пред се по самите возачи говори и статистиката на итната медицинска помош, од каде посочуваат дека во просек 3 лица завршуваат во Итна медицинска помош по падови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Колапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. 

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место.

Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди.

На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов.

Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Во пресрет на топлотниот бран кој се најавува од синоптичарите во периодот што следи а со тоа и опасноста од пожари на територијата на Македонија, државата можеби како никогаш досега влегува подготвена за справување со евентуалните огнени стихии.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва денес се приклучија на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие заедно со трите Ер-трактори на Дирекцијата, армиските и полициските хеликоптери како и повеќе од стотина цистерни и најсовремените возила за гаснење на шумски пожари ќе бидат на располагање на државните противпожарни капацитети летово

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека заедно со доброволните пожарникари оваа сезона вкупно ќе има 950 професионални пожарникари на ниво на државата.

„Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба како што е непречено учество во справувањето со пожарите на Полицијата и Армијата но и на сите останати национални ресурси“, рече - Стојанче Ангелов – Директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов апелира на поголема внимателност во летните денови од страна на земјоделците но и останатите граѓани, но и натаму е потребна будност и околу онои кои и во минатото подметнуваа дел од пожарите...

- Јужните, централните и источните делови на државата особено делот во Штипско, Овче Поле, Св. Николе и Кочанско поле се изложени на најчесто први на летните пожари, бидејќи овде меѓудругото има многу стрниша кои од земјоделците се палат – посочи Ангелов.

Првиот човек на ДЗС уште еднаш истакна дека не очекува тешка сезона летово и како командант на силите за заштита и спасување иднината на гаснењето на пожарите на отворен простор ја гледаа во развој на доброволното пожарникарство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер