Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата
1Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата
РакометМакедонија главната фаза ја отвора утре од 15-30ч. против АвстријаМакедонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат. Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка. Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска. -Се чувствуваме одлично, одигравме три одлични натпревари, штета што не одиме со повеќе бодови во втора фаза. Ја остваривме првата цел, одиме чекор по чекор, Австрија е квалитетен противник, но ќе дадеме сè од себе“, истакна младиот голман Марко Кизиќ по натпреварот. Пред македонските ракометари кои цела една деценија се без победа над селекција од Европа на светските шампионати се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, интересно тоа е последната европска селекција поразена од Македонија на едно првенство, посакуваме десетгодишниот пост да го прекинеме токму утре на отварењето на главната фаза. Австрија игра солидно на овој шампионат во групата Ц оствари две победи и пораз. Но, нашите ракометри во претходните дуели покажаа дека имаат квалитет рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот врв. -Не чекаат тешки противници кои бараат пред се една голема подготвеност, но ние сме на добар пат и ќе продолжиме да се бориме и се надеваме да ја радуваме публиката“, изјави искусниот македонски кружен напаѓач Жарко Пешевски. Втор противник на црвено жолтите во главната фаза в четврток во попладневниот термин од 15-30 е селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција. -Се подготвуваме за дуелот против Австрија во вторник. Благодарност до навивачите кои ни даваат голема поддршка. Ритамот е брз на сп, утре ќе правиме анализа за следниот меч со Австрија, но ова е неискусна и млада репрезентација, не можам да кажам колку ќе го прифатат тоа за краток период. Сепак, тука се навивачите и веруваме дека ќе ни помогнат“, изјави селекторот Кире Лазаров по крајот на првата фаза. Македонскиот тим со поддршка од фалангата предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски ако и во главната фаза одигра на нивото од средбите против Унгарија, и Холандија сигурно ќе донесе оствари резулат достоен за респект и нова историја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации.Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации, на средба со граѓани. Ова не е партиски собир, значи ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и се едноставно исплашени за најавата дека овде ќе се отвори рудникот во општина Босилово поточно во местото Штука односно Иловица - рудник за којшто концесиите се даваа, се одземаа итн. Меѓутоа еве сега оваа власт покажува сериозни намери да овој рудник тука се отвори. Сакам да го образложам прво целокупниот овој процес.Имено сега во овој период има предлог да се донесе нов просторен план за територија на цела држава и за тој просторен план којшто се носи од Министерството на животна средина има јавни дебати. За прв пат тука, во Крива Паланка меѓутоа и на Кожув во близина на Гевгелија се маркирани рудници.Тоа значи дека оваа власт има намера овие рудници коишто се маркирани во новиот просторен план, којшто е прв чекор во процесот формален и официјален на отворањето и ставањето функција на рудниците тоа да се случи. И затоа сакам да упатам јасна и недвосмислена порака - нема да дозволиме оваа власт на Христијан Мицковски во состојба и ситуација кога се притиснати од сите страни и немаат пари за ништо, затоа што целокупните неколку минати буџети од овие повеќе од две и пол години колку се на власт ги потрошија на партиски тендери, сега да ја распродаваат македонската земја за нивни бизнис интереси. Сакам да имам упатам јасна и недвосмислена порака дека рудник овде нема да има и дека тоа ние ќе го гарантираме, прво како пратеници, а второ и како граѓани на оваа држава, затоа што никој нема право да ја распродава македонската земја за сопствени бизнис интереси. Нема да дозволиме да поминат формалните процеси затоа што ќе бидеме експлицитно против, со аргументи, на крајот на краиштата ќе формираме и жив ѕид - овде рудник нема да нема да има, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветБолсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД Сенаторот од крајната десница Флавио Болсонаро наводно го напуштил Бразил за САД, откако загуби од левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во недела.Според новинскиот портал „Метрополс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на политичарот, Болсонаро бил на пат кон САД. „Авионот е во лет“, објави порталот, без да прецизира од каде полетал авионот. Сојузниците на Болсонаро му рекле на „Метрополс“ дека тој треба да слета во Флорида во вторник попладне и дека планира да побара политички азил. „Администрацијата на Трамп е информирана“, се додава во извештајот. Неговите сојузници потврдија за весникот „Фолха де С. Паоло“ дека тој е на пат кон САД, велејќи дека планот за неговото заминување бил „организиран и олеснет од адвокат близок до семејството Болсонаро“. Brazilian Senator Flavio Bolsonaro left the country for the US after losing the presidential election and refusing to comply with a Supreme Court order to hand over his passports, two sources said https://t.co/KDVPnBl7YO — Reuters (@Reuters) October 27, 2026 CNN Brasil објави дека Болсонаро избегал во САД рано во вторник со сопругата и двете ќерки. Болсонаро не е виден од понеделник и го пропуштил рокот во 11 часот наутро во вторник за да го предаде пасошот на федералната полиција. Тоа ги поттикна шпекулациите дека тој избегал од Бразил по поразот на изборите во недела. Според бразилскиот весник „О Глобо“, за време на состанокот со пријатели и адвокати во понеделник, поразениот кандидат изгледал „опседнат“ и јасно ставил до знаење дека се плаши од апсење. Судија на Врховниот суд му го одзеде пасошот на Болсонаро неколку минути по објавувањето на резултатите од изборите, како дел од случајот против сенаторот. Тој имаше рок до 11 часот наутро да го предаде документот на федералната полиција, но не се појави.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Разговарав со Макрон, верувам дека се враќаме на власт по две години Лидерот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, разговараше за ТВ Информер по парламентарните избори во Србија.Вучиќ изрази загриженост за синоќешниот упад во ТВ Информер: „За 14 години не сме забраниле ниту една телевизиска станица, иако тие кажаа сто пати полоши работи отколку што кажавте вие за нив.“ Потоа откри дека разговарал со многу високи европски функционери, меѓу кои Виктор Орбан, Емануел Макрон, Ѓорѓа Мелони и Антонио Коста, а потоа најави средба со Виктор Орбан, објави Телеграф. „Верувам дека ќе го видам Виктор Орбан во наредните денови во Белград, бидејќи ќе се бориме заедно.“ Вучиќ се осврна и на постапките на полицијата. „Ако полицијата не сака да ги заштити, денес ситуацијата е нешто поповолна во овој поглед отколку вчера. Ќе се организираме, ќе можеме да ги заштитиме луѓето“, рече Вучиќ, додавајќи дека очекува СНС да се врати на власт за две години.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter