3Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување
КошаркаМакедонија ги доби ривалите во квалификациите за ЕП за кошаркарки Македонската женска кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство. Македонија ќе игра Х-групата заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска. Ова е епилогот по денешната ждрепка на која беа поделени 32 земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство. Првите два натпревари од евро-квалификациите ќе бидат одиграни во ноември потоа следи пауза до февруари 2018 година кога ќе се одиграат два натпревари, а финалните квалификациски натпревари ќе бидат одиграни во ноември 2018 година. Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шесте најдобри второпласирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Црна хроникаДве кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријаваПолициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти ОбвинителствотоПо повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година. Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаПретставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработувањеЗаменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори.Заменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори на која се разговараше за мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на оперативниот план за вработување. Преку оваа мерка Ристески вели се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook