Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР - Канал 5

Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР

Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос .

Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР

Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.

Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е и предфинансирањето од 52 милиони, од кои еден дел се исплатени директно во државниот буџет, а останатиот дел оди преку Инструментот за реформи и раст на Западниот Балкан.

- Во тој поглед, не треба да се грижите за Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос.

За жал, според неа, ова не може да се каже и за Босна и Херцеговина, која не може ни да се вклучи во Планот за раст, бидејќи се уште не ја доставила својата Реформска агенда до ЕК, ниту пак именувала свој главниот преговарач.

- Знаете, работите кои се толку нормални или лесни во другите земји, во Босна, особено при сегашната институционална криза, се многу потешки, додаде Кос.

Еврокомесарката потсети дека од вкупната сума на средства од Планот за раст една третина се грантови, а две третини заеми и тие средства се наменети за спроведување на реформите дефинирани со реформските агенди на секоја земја. Најголем дел од средствата се наменети за реформи во владеењето на правото, потоа за развој на бизнисите или деловното опкружување, за дигитализацијата, за транспортот, за енергија и за развивањето вештини.

Според неа, интересна станува следната фаза кога врз основа на добиените извештаи за спроведените реформи ќе зависат идните исплати.

- Затоа е толку важно за Босна да се договориме за реформската агенда, бидејќи следните исплати ќе зависат од тоа што е испорачано. Ако не го испорачаат договореното за одреден период, тогаш ќе добијат некаква можност за продолжување на рокот за да ги направат реформите. Но, во најлош случај, а се надеваме дека тоа нема да се случи, не можевме да ја направиме исплатата и овие пари може да ги користат другите држави, додаде Кос.

Таа потсети и дека Самитот за Планот за раст на Западниот Балкан требаше да се одржи минатиот месец во Скопје, но беше одложен поради трагедијата во Кочани, па сега најверојатно ќе биде организиран во јуни, за кога Кос и најави дека ќе ја посети земјава./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! 

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми.

Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање.

Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати.

Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине.

Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант.

Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“.

Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер