МакедонијаМакедонија е на раскрсница меѓу стариот систем и новата европска идниа, изјави МицкоскиБез реформите во правосудстото кои се најитни, сите останати реформи ќе бидат безвредни – ова е пораката која премиерот Мицкоски ја упати на тркалезната маса посветена на планот за раст и членството на земјава во ЕУ. Македонија како што кажа е на раскрсница меѓу стариот систем и новата европска иднина, а планот за раст и реформската агенда на Унијата оцени дека не се само услов за интеграција, туку инструмент за оздравување на општеството. Повтори дека корупцијата е еден од клучните проблеми на македонското општество, а правосудниот систем според него, е бавен и под силни влијанија поради кои често не може да одговори на очекувањата на граѓаните. -Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација. Да бидеме отворени и искрени – корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството. Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Реформската агенда не значи само усогласување со критериумите на ЕУ, туку во суштина е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните кажа амабсадорката на Шведска во земјава Ами Ларсон Џаин. Во нејзиното обраќање ја реафирмираше поддршката на нејзината земја за македонскиот евриунтегративен пат и нагласи дека зајакнувањето на демократските институции и владеење на правото се од најголема важност. -Реформската агенда не е само усогласување со критериумите на ЕУ, туку во суштина е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Нуди рамка за градење на пофер, позелено и понапредно општество. Во целиот овој процес важна улога има активната вклученост на младите, граѓанските организации и медиумите. Иднината не се гради самата себе,- - Ами Ларсон Џаин – Амбасадорка на Шведска. Дека на земјава итно и се потребни реформи во правосудството истакна и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Поранешниот главен преговарач на Хрватска за влез во Унијата Владимир Дробњак пак, порача дека доколку се оствари реформската агенда поврзана со планот за раст на ЕУ, најголемиот дел од работата на земјава ќе биде завршен, односно, дури 60 проценти од бенчмарковите на Унијата за преговори ќе бидат постигнати однапред. Тагови: ЕУ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook