Македонија досега има заштитетно само еден традиционален бренд - охридската цреша - Канал 5

Македонија досега има заштитетно само еден традиционален бренд - охридската цреша

Македонија досега има заштитено само еден традиционален производ со ознака за квалитет - охридската цреша. 

Македонија досега има заштитетно само еден традиционален бренд - охридската цреша

Иако потенцијалот за заштита е голем и иницијативи има, проблемите на терен се бројни, беше речено на денешната конференција „Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производи“.

Според учесниците на конференцијата, клучните слабости се кај производителите. Тие не се организирани, ниту информирани за бенефитот од заштитата на нивните производи, немаат доволно средства, а и ретко се регистрираат со образложение дека процедурите и постапките се комплицирани.

- Мариовскиот мед, беровскиот компир, преспанското јаболко, дебарското сирење,... се само некои од традиционалните производи што може да се заштитат. Но нашите истражувања покажаа дека мора најпрво да се решат базичните проблеми: регистрацијата на објектите за производство на храна, недоволната информираност на производителите, нивната слаба заинтересираност и недовербата за здружување и работа во група, истакна Емилија Неделковска до Фло Фуд Македонија.

Според неа, ознаките за квалитет што се поделени во три групи, заштитена географска ознака, заштитена ознака за потекло и гарантиран традиционален специјалитет, се многу важни алатки за одржлив локален и економски развој.

Вјара Стефанова од Општество за територијален и еколошки просперитет напомена дека ИПАРД е една од опциите за обезбедување средства за заштита на традиционалните производи. Сепак, на производителите им е неопходна едукација, консултација и стручна помош. Треба да им се организираат средби со фармери од ЕУ заради размена на искуство.

- Сакав да го регистрирам објектот за производство на традиционално бело овчо сирење во Дебар, но институциите не ми дозволија зашто е во населено место, иако имам хасап и ги исполнував сите неопходни услови. Во Италија сите традиционални производители прават сирење во куќи, изјави Скендер Аме, мајстор за традиционално овчо сирење од дебарскиот крај.

Инспекторите изнесуваат спротивен став, велат дека колку и да бидат минимизирани условите што се бараат од традиционалните производи, тие повторно ќе речат дека се прекомплексни и сложени. Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“, со поддршка на ЕУ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер