3СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница
Други спортовиМакедонија домаќин на Ф4 турнирот од Европската лига во одбојка Фајнл-фор турнирот на Европската лига во одбојка ќе се игра во Скопје, соопштија од Одбојкарската Федерација на Македонија.Завршниот турнир на Сребрената европска лига ќе се одржи на 15 и 16 мај 2018 година. Дополнително ќе биде одредено во која сала ќе се играат натпреварите. Македонија оваа сезона во Европската лига игра во групата А заедно со Косово, Летонија и Австрија. Домаќинот, сепак, има загарантиран пласман на фајнл-фор турнирот. „Црвено-жолтите“ во претходните години редовно стигнуваа до финалето, но ниту еднаш не успеаја да ја минат последната пречка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
БалканПедофил од Србија снимал голи деца на плажа во Хрватска- го фатил обезбедувачИстарската полиција заврши кривична истрага против 29-годишен државјанин на Србија, кого го сомничат за кривично дело експлоатација на деца за порнографија.Мажот бил фатен како тајно снима голи деца со мобилен телефон во туристички објект во Истра, по што бил уапсен, објави Индекс. Инцидентот се случил на 25 јуни околу 17:30 часот, кога вработен во компанија за обезбедување го забележал српскиот државјанин како тајно снима деца. Веднаш го привел и ја повикал полицијата. Пронајдена е инкриминирачка содржина За време на кривичната истрага, полицијата ги пронашла контроверзните снимки. Вечерта на 26 јуни, мажот бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра, заедно со кривична пријава. Против него е покрената и постапка согласно одредбите од Законот за странци. Полицијата наведува дека ваквите случаи покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимање деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција и апсење на педофилот. Во исто време, тие апелираат до родителите да ги следат своите деца, да следат каде се и што прават на плажа и да ги облечат во костими за капење. Доколку видат сомнително лице кое снима деца, се повикуваат веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: педофилот србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРенџ Ровер е запален во центарот на СкопјеНа 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на границаДодека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца. Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите. Оваа изолација не е случајна. Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност. Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии. СДСМ уште еднаш повторува: Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07