Македонија догодина домаќин на најпрестижната европска награда „Микелети“ - Канал 5

Македонија догодина домаќин на најпрестижната европска награда „Микелети“

Република Македонија и Министерството за култура во септември 2017 година прв пат ќе бидат домаќини и организатори на манифестацијата за доделување на престижната награда „Микелети’’ за најдобар музеј во Европа, едно од најзначајните европски признанија во областа на музеологијата.

Македонија догодина домаќин на најпрестижната европска награда „Микелети“
- Оваa одлука на Бордот на Европската музејска академија, која беше донесена на годишната средба во мај 2016 на островот Лезбос, е од исклучително значење за Република Македонија и претставува големо признание на заложбите на Министерството за култура во областа на музеолошката дејност, во чии рамки беа преземени голем број инвестиции кои резултираа со изградба на повеќе музеи во кои е презентирано богатото културно и историско минато на нашите простори, соопшти Министерството за култура.

Според Министерството, одржувањето на овој значаен настан во Република Македонија истовремено е и одлична можност учесниците и гостите од Европа да се запознаат со културно-историското богатство и туристичкиот потенцијал на градот Скопје и на Република Македонија.

На церемонијата на доделувањето на наградата „Микелети“ која ќе се одржи во Музејот на македонската борба, освен членовите на бордот на ЕМА и претставниците на номинираните музеите, ќе присуствуваат истакнати универзитетски професори по музеологија од европските универзитети, како и други видни гости, меѓу кои и принцезата од Луксембург, Сибила. Во рамки на овој значаен настан ќе се одржи и меѓународен музеолошки семинар на кој ќе бидат презентирани најновите трендови во европската музеологија. На семинарот на кој ќе учествуваат европски стручњаци, музејските работници од Македонија ќе се запознаат со најновите достигнувања во музејската дејност.

Музејот на македонската борба во 2013 година во Бурса, Република Турција, како финалист за наградата „Микелети“ во конкуренција на 21-на врвна институција од Европа, од страна на Европската музејска академија доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство, во европски рамки. Музејот, во рамки на Форумот за словенски култури, лани, во Санкт Петербург беше добитник и на специјалната награда „Жива“ за необична презентација.

Целта на Европската музејска академија е преку интернационално претставување на музеите, да го промовира истражувањето во музеографијата и музеологијата како високо културно збиднување и да поттикне дискусии за нови изложбени поставки и музеи преку спојување на музеолошките сознанија и идеи од припадниците на оваа професија.

„Микелети“ прв пат е доделена во 1996 година од фондацијата „Луиџи Микелети“, а е наменета за светските музеи со историски, индустриски и научен карактер, новите иновативни музеи или старите кои во меѓувреме претрпеле ремоделирање или пренамена. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортот

Општина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.

Општина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортот

Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух.

Општина Аеродром континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво.

Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт - Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот.

Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница.

Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....

Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ?

ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол.

Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании.

На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени.

Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти.

За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО?

Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“.

Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев?

Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка?

Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО?

Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел со најбрзото време на првиот тренинг во Азербејџан

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. 

Расел со најбрзото време на првиот тренинг во Азербејџан

Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела.

Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер