Македонија добива можност да учи ВИ од „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“ и од ИБМ - Канал 5

Македонија добива можност да учи ВИ од „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“ и од ИБМ

 AIatWork од денеска овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа со цел вештачката интелигенција (ВИ) да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници.

Македонија добива можност да учи ВИ од „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“ и од ИБМ

AIatWork од денеска овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа со цел вештачката интелигенција (ВИ) да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.

Со бесплатниот 14-дневен пристап корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки Ви- модели, како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични ВИ-алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн-курсеви во живо водени од ВИ-практичари со искуство во глобални технолошки гиганти, како „Гугл“, „Мајкософт“, „Амазон“, ИБМ и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ-знаење. Исто така, ВИ често се изедначува со една алатка наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа во светот. Повеќето од популацијата би сакале да знаат да користат ВИ, но не знаат кои алатки се навистина релевантни и како ВИ реално може да им помогне во работата. Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор нудејќи јасна насока за практична употреба на ВИ во секојдневната работа.

Во видеото, кое е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да почне со изучување на вештините и алатките на иднината.

Само овој месец на платформата се одржуваат 12 активни ВИ-курсеви во соработка со експерти и компании, како Boeing, Google и Salesforce.

- Во време кога ВИ станува составен дел од работата во светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како ВИ може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска. Прашањето повеќе не е дали ВИ ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи. Пробајте AIatWork бесплатно - 14 дена, без обврска - порачуваат од платформата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид на првата испорака од новите контејнери, кои уште денеска ќе бидат распоредени низ Скопје.

Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!

- Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Особено важно е што истите контејнери, за кои моите претходници плаќале по 18.600 денари, ние ги набавуваме по двојно пониска цена и тоа во време на глобален раст на цените. Тоа значи да се води сметка за секој денар на граѓаните. Чист град значи поздрав живот, поуредни населби и подостоинствено секојдневие за секој човек. Нашите деца заслужуваат да растат покрај чисти улици и паркови, а скопјани заслужуваат град со кој ќе се гордеат – изјави Ѓорѓиевски.

Истовремено, Ѓорѓиевски апелираше да се чува новата опрема и да се почитува комуналниот ред во градот Скопје.

- Чекор по чекор, го менуваме ликот на Скопје. Новата опрема мора да се почувствува таму каде што е најважно - пред нашите домови, во нашите маала и на улиците по кои секојдневно се движиме. Но, за чисто Скопје потребна е и совеста на секој од нас. Упатувам јасен апел до граѓаните, да го чуваме она што е наше, заедничко. На градежниот шут и кабастиот отпад не им е местото ниту во контејнерите ниту покрај нив. Со таквото однесување се оштетува опремата, се отежнува собирањето на сметот и се создаваат диви депонии среде нашите населби. За ваквата неодговорност нема да има толеранција – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје.

Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, кое треба да заврши на рециклирање, а со неговото одделно собирање се намалува мешаниот отпад и се зголемува заштитата на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекање

Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите.

МЗ: ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекање

Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите, со цел пократко чекање за пациентите.

Секој ден на листа на чекање е ден неизвесност за пациентот и за неговото семејство. Затоа, ПЕТ центарот, согласно предвидениот план, продолжува со работа и во викендите, со јасна цел - да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна.

„Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно", изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира во танга

Легендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира во танга

Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите..

На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини.

Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите.

Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе.

Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер