Македонија дел и од новата програма „Креативна Европа“ - Канал 5

Македонија дел и од новата програма „Креативна Европа“

Македонија изминатите години активно партиципираше во Програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“, препознавајќи ја оваа платформа како извонредна можност, македонските културни оператори активно да се вклучат во креирањето на заедничкиот европски културен простор. Успешноста на Програмата и поддржаните 59 проекти (32 за книжевни преводи) докажаа дека културниот сектор во државата ги следи европските трендови и поседува капацитет за високо квалитетен концепт кој треба да и се понуди на македонската јавност.

Македонија дел и од новата програма „Креативна Европа“
Ова денеска во обраќањето на Инфо денот за програмата „Креативна Европа на ЕУ“ го истакна министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, која рече дека Македонија се приклучи и кон новата Програма на ЕУ „Креативна Европа“, која предизвика голем интерес кај македонските културни оператори и дека досега се одобрени 13 проекти на македонски операторите во категориите - мрежи и платформи.

- Програмата „Креативна Европа“ со подпрограмите „Култура“ и „Медиа“ ќе им овозможи на македонските уметници и културните работници да ја развиваат својата соработка, со најрелевантните европски институции од областа на културата, да ги зајакнат транснационалните и интеркултурните аспекти на своето творештво, рече Канческа Милевска

Таа ја истакна ја важноста на уште еден значаен приоритет зацртан во Програмата, а тоа е подигнувањето на свеста на јавноста за иновативни проекти со европска димензија што претставува долгорочна стратегија на ЕУ.

- Наша цел е македонскиот креативен сектор активно да учествува во оваа Програма и во нејзината имплементација и во таа смисла минатата недела Владата усвои акциски план со прецизно зацртани термини во организација на информативни настани преку кои во повеќе градови во Македонија до крајот на годината ќе се промовираат бенефитите и можностите на програмата „Креативна Европа“. Убедена сум дека преку овие заеднички јавни настани, тематски работилници и дискусии на кои ќе бидат присутни и претставници и на канцелариите за Креативна Европа на некои од земјите на ЕУ, ќе придонесеме за посинхронизирана промоција на програмите на ЕУ, додаде Канческа Милевска.

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Изабел Марш Барбо рече дека заедно со Амбасадата на Франција се приклучиле кон организирање на Инфо денот за програмата „Креативна Европа на ЕУ“.

Креативна Европа за нас е движечка сили затоа што тоа е најдобриот начин за промовирање на дијалог меѓу цивилизациите. Проектите кои ќе ги водиме заедно во рамки на областа Култура треба да бидат осмислени почитувајќи ги различностите, но и комплементарноста на нашите активности. Во Европа културата претставува богатство, културно филозофско богатство. Културата денеска исто така создава економско и социјално богатство, посочи Изабел Марш Барбо.

Креативните програми, нагласи, создаваат работни места, музичката индустрија, кинематографијата се области кои ги нарекуваме креативни индустрии и затоа секогаш правете асоцијација меѓу креативните индустрии и вработувањето на младите.

- Програмата Креативна Европа во професионалната област овозможува да организирате обуки за уметниците, за творците со цел да се развиваат вештините на операторите, на здруженијата, сите оние кои работат во областа на културата и со помош на Европа ќе најдеме одлично решение за стекнување професионални вештини за младите кои утре ќе може да патуваат во Европа и чија експертиза ќе биде признаена. Повеќе земји ќе имаат можност да ги разменуваат добрите практики и верувам дека Креативна Европа и културна Европа е изградена и се темели на богатството од едните и другите, додаде Изабел Марш Барбо.

Лоренс Барон, национален координатор за потпрограмата Култура на програмата Креативна Европа и советник за анализа на културната политика во Канцеларијата за европски врски во Париз, рече дека преку Програмата Креативна Европа можеме заеднички да видиме како да работиме за вмрежување и да ги надминеме сите разлики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер