Македонија бележи добар напредок, но реформите мора да се засилат, ценат експертите

Најновиот извештај за реформскиот напредок на македонија ја потврдува подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори, оценуваат познавачите на состојбите во оваа област.

Симонида Кацарска од инститот за европска политика смета дека во областите кои влегуваат во првиот лкасер од преговорите македонија има чисто досие.

Извештајот е умерено позитивен и досега еден од подобрите извештаи на еврокомисијата во однос на реформскиот напредок оценува Андреја Стојковски од Институтот Преспа,во клучните области како судството има добар напредок, иако во сите области се очекуваат посериозни напори, вели Стојковски кој лично нотира дека во иднина сепак мора да се отстранат забелешкиет во однос на брзата постапка на носењето за законите.

Всушност целиот пакет за проширување е позитивен, вклучително со инвестицискиот план од 9 милијарди за регионот, што само ја потврдува заложбата на Брисел да ја направи успешна приоказната за проширувањето , вели Стојковски.во овој дел пак за кацарска е многу важен токму административниот капацитет на државата за планирање на големите инвестициски проекти

Инаку, во извештајот ЕК заклучува дека Македонија е умерено подготвена во однос на нејзината способност да ги преземе обврските што произлегуваат од членство во Унијата.. Сега се очекува наскоро конечно да се усвои преговарачката рамка за првата мегувладина конференција која го означува почетокто на прегвооруте со ЕУ да се одржи во декември

Поради оштетување на 1000 прагови во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола

Најдоцна до петок ќе биде во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола, поради оштетување на околу 1000 прагови од пругата.

До оштетувањето дошло откако изминатите два дена избиле пожари во близина на селата Слепче и Тројкрсти, кај Прилеп, па сега ќе мора да се санира штетата.

Никола Марков, од Македонски железници-Инфраструктура верува дека проблемот ќе биде решен до предвидениот рок и нема да има негово пролонгирање.

„Бидејќи се работи на долга релација, нашите работници работат интензивно и сообраќајот ќе биде во прекин до петок. Може да се случи да биде и продолжен, се зависи од временските прилики и ситуацијата на лице место. Ние имаме резервни прагови, кои се за други намени, но поради овој вонреден случај, ќе бидат веднаш пренаменети“,изјави, Никола Марков, пом. директор на МЖ-Инфраструктура.

Дека пругата ќе биде оспособена за сообраќај веруваат и од Синдикатот на машиновозачи, затоа што како што велат, трпат штета сите учесници во овој сообраќај.

„Трпат и патниците, а трпи и нашето друштво МЖ Транспорт. Бидејќи, ние од превозот што го вршиме, земаме финансиски средства за плати, за трошоци околу фирмата.- Претседател на синдикат на машиновозачи, Тони Димковски.

Проблемот со изгорените прагови од пругите е само уште еден во низата кои го следат железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период.

Последно, до почетокот на овој месец, машиновозачите од Македонски-железници Транспорт ја бојкотираа работата поради неисплатени плати. Потоа дојде до позитивен договор со претрпијатието и повлекување на суспензијата за 12 машиновозачи.

Ковачевски оптимист за уставните измени, без коментар за кавгата меѓу Мицкоски и Груевски

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери.

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија.

Ковачевски верува и дека до февруари земјава може да го затвори првото поглавје од преговорите со ЕУ, доколку промената на уставот се случи до крајот на оваа година.

Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила против промена на уставот, а уверува дека партијата е сплотена.

-ВМРО-ДПМНЕ драги браќа и сестри е силно и без внатрешни поделби. Обединето и сплотено. Фокусирано кон пад на оваа власт. А, тоа го покажува и бројката на 44 пратеници кои се гаранцијата дека нема да попушти браната против уставните измени кои значат прифаќање на надворешен диктат, наспроти поделената СДСМ и помалиот број на пратеници за уставни измени. Тука не треба да се заборави и фактот за дестабилизрината и поделна ДУИ. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски го посочува Груевски како соработник на владејачките партии во обид да ја подели ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, Груевски со контра напад – дека Мицкоски тајно соработувал со Заев. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? – пишува Груевски на фејсбук.

Трајанов: Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата

Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата, клучно е да не се рашири конфликтот.

Ситуацијата на Косово е во критична фаза по вина и на Белград и на Приштина, смета лидерот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Тој цени дека Брисел нема механизам да ги натера да го спроведат договорот но клучно е вели тој конфликтот да не се прошири.

Целиот разговор на Михаела Димовска со првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов погледнете го во видеото.

притисни ентер