Македонија 67 на листата на ФИФА - Канал 5

Македонија 67 на листата на ФИФА

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија 2021 година ќе ја заврши на 67 место на лустата на ФИФА на најдобрите светски селекции. 

Македонија 67 на листата на ФИФА

Во годинава што изминува црвено жолтите забележаа историски пласман на едно ЕВРО, а потоа нашите најдобри фудбалери за прв пат во историјата стигнаа до втората позиција во еден квалификациски циклус, што ги носи во историскиот бараж за пласман на Светскиот шампионат во Катар во 2022.

Инаку, на врвот на листата на ФИФА е Белгија, пред националните тимови на Бразил, Франција, Англија и Аргентина.

Нашиот протовник во мундијалскиот бараж , фаворизираната Италија е на шестата позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“.

Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија.

Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи.

Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.

Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД.

„Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација.

Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег.

Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар.

Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“.

Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено.

Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.

Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума.

Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев.

Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси?

Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!

Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. 

Видео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!

Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера.

„Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото.

Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки.

Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал.

Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства.

Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим.

Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември.

Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим.

Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата.

Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер