Македонија 17. на ранг листата на ЕХФ - Канал 5

Македонија 17. на ранг листата на ЕХФ

Македонската репрезентација се најде на 17. место на ранг листата објавена од страна на Европската ракометна федерација, а која се однесува за 2014 година и која ги вклучува селекциите и во машка и во женска конкуренција.

Македонија 17. на ранг листата на ЕХФ
Инаку, македонските ракометари се на 15. позиција, додека девојките се на 19. место.

Рејтингот на ЕХФ се однесува на резултатите постигнати на репрезентациите во сите возрасни категории. Повеќе поени за македонскиот ракомет донесоа мажите со пласманите меѓу 10. и 16.место на евро-шампионатите во соодветните категории, додека ракометарките се помалку успешни и поради тоа во вкупниот пласман на Македонија е на 17.позиција.

Во ТОП 5 вкупен пласман се: Данска 512 бодови, Франција 500, Шпанија 462, Шведска 446 и Унгарија 402. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“.

Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот.

Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Венко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат.

Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски.

И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%.

Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%.

Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.

Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер