Македонец во Србија возел 184 км/ч, па удрил во полициско возило и повредил полицаец - Канал 5

Македонец во Србија возел 184 км/ч, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

22-годишен македонски државјанин бил приведен од страна на српската полиција откако возел со 184 км/ч на автопатот кај Бујановац.

Македонец во Србија возел 184 км/ч, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Во таа прилика повредил полицаец, а удрил и оштетил службено возило и го оштетил полицискиот радар. Информацијата ја потврди Бобан Накиќ, Јавен обвинител во Бујановац.

„Му одредив притвор на државјанинот на Македонија Ј.А. (2002) бидејќи денеска возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац.. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, изјави Накиќ.. Неофицијално, несреќата се случила на делот од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер