Македонец од САД: Aтмосферата поради коронавирусот е нереална и брзо може да излезе од контрола

Корона вирусот продолжува да коси во САД, земјата го регистрираше најцрниот ден до сега со над 1.000 починати, што е и најголем број на мртви досега во една земја од почетокот на пандемијата. 

Вирусот не ги заобиколува ниту Македонците кои живеат и работат во САД, а дел од нив за Канал 5 споделуваат дека атмосферата е нереална и стравуваат дека набрзо може да излезе од контрола. Димитри Златановски од Њу Џерси, вели дека пред неколку дена од вирусот загубил близок пријател по потекло од Кавадарци, кој изминатите две децении живее во САД, а неговото семејство исто така било позитивно на вирусот.

Бројката на заболени во САД, полека се движи кон 300 илјади, а тамошните власти веќе изразија стравување дека стапката на смртност ќе ги надмине сите до сега, со проекции од 100 до 250 илјади мртви. Кризата во САД, и покрај економските мерки, остави над 10 милиони американци без работа. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак кој по втор пат направи тест за присуство на вирусот, најави нови мерки, за заштита на најзагрозените категории.

-Пишува дека Претседателот е негативен на Ковид -19, и ова е вториот тест, кој мислам дека го направив од љубопитност за да видам колку брзо може да се направи. Ги направив и двата и вториот пат морам да кажам дека е попријатен,изјави Доналд Трамп – Претседател на САД.

Домовите за стари лица треба да го забранат влезот на не медицински персонал. Денеска дополнително препорачуваме во сите вакви установи истиот персонал, да се грижи за истите лица, конзистентно, за да се минимизира потенцијално ширење на вирусот. Ги замолуваме и овие установи да одредат посебни простории за болни и здрави.

На европско тло пак, Шпанија со 120 илјади заболени стана главно кризно жариште по Италија. Земјата изминатото деноноќие регистрираше нови 900 мртви, со што вкупната бројка се искачи на близу 11 илјади починати. Врвот на црниот биланс се уште го држи Италија со 13 илјади мртви, најмногу од сите држави до сега.

На Балканот пак, Србија воведе забрана за движење од сабота во 13 часот до понеделник до 5 часот наутро. Од вчера во земјата се забранети и собири на повеќе од две лица на едно место. Во земјата до сега има близу 1.200 потврдени случаи и 28 мртви.

Засадени 15 дрвца во чест на работниците кои минатата година загинале на работните места

15 садници за петнаесет загинати работници минатата година на своето работно место, вака Македонското здружение за заштита при работа го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.

„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.

„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

притисни ентер