Македонец од Прага претстави иновативна апликација - Тргување на берза преку фудбалски тимови - Канал 5

Македонец од Прага претстави иновативна апликација - Тргување на берза преку фудбалски тимови

Љубителите на спортот отсега имаат можност да го почувствуваат искуството на тргување со акции, преку нова гејмифицирана спортска берза на www.sportxmarket.com.

Македонец од Прага претстави иновативна апликација - Тргување на берза преку фудбалски тимови

Оваа платформа има за цел да им овозможи на корисниците бесплатно да тргуваат со акции на фудбалски тимови базирани на реални спортски резултати, нудејќи комбинација од возбуда, стратегија и конкуренција меѓу фановите.

Овој иновативните стартап за оваа година е дело на македонецот Сашо Беловски, кој неговата уникатна идеја до сите спортски фанови и вљубеници во спортот, неодамна ја лансираше од Прага, Чешка каде што живее и работи во сферата на спортот.

Платформата функционира како виртуелна берза каде што учесниците можат да тргуваат, купуваат и продаваат акции на фудбалски тимови за да редовно бидат наградени за нивното спортско знаење и стратешко одлучување. Во својата деби сезона, претставен е моделот free-to-play, сличен на популарните fantasy football лиги. Секој корисник располага со виртуелна валута од 200 евра за да врши трговија и инвестиции. Корисникот треба да го избере тимот од кој сака да купи акции и потоа да го чека резултатот од натпреварот кој тој тим го игра наредното коло.

Иако корисниците не тргуваат со реални пари, тие ја искусуваат забавата од управување со портфолио на акции на фудбалски тимови и можноста за освојување награди како ајфон телефон, плејстешн и друго.

Тајната на идејата се крие во уникатниот алгоритам измислен од самиот Беловски, внимателно создаден да ја одразува динамиката на спортските успеси на тимот. Виртуелните вредности на акциите растат и паѓаат во зависност од реалните постигнувања на фудбалскиот тим на теренот.

Овој модел им овозможува на фановите да ги следат нивните инвестиции во реално време и да се справуваат со флуктуациите на пазарот после секој натпревар.

Sport Exchange Market е револуционерна стартап компанија што ги спојува спортските фанови со динамиката на берзата, нудејќи уникатно гејмифицирано искуство. Сместена во Прага, Чешка Република, платформата овозможува на корисниците да тргуваат со акции на фудбалски тимови од петте најголеми европски фудбалски лиги, спојувајќи стратегија и забава на иновативен начин. Повеќе информации на www.sportxmarket.com. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин малку омекнува во однос на војната во Украина, велејќи дека би можел да заземе многу поцврст став. 

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Тој, исто така, зборуваше за можноста да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Кина.

Путин малку омекнува, вели Трамп

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Путин во однос на војната во Украина, Трамп ја даде својата оценка за рускиот претседател.

„Мислам дека малку омекнува. Мислам дека би можел да биде поцврст. Искрено, мислам дека би можел да биде многу поцврст. Верувам дека омекнува“, рече Трамп.

Тој додаде дека верува оти Путин би сакал да види крај на војната.

За Украина ќе се разговара со Путин и Си

Трамп објави дека војната во Украина ќе биде една од темите на неговите претстојни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Ќе разговараме за мојата омилена тема, Украина. Украина ја губи Украина“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине на азиска турнеја.

Тој додаде дека Русија, исто така, претрпе големи загуби во војната.

„Русија губи 25.000 војници месечно. Ќе разговараме за тоа“, тврди американскиот претседател.

Средбата меѓу Трамп, Путин и Си треба да се одржи во кинескиот град Шенжен за време на самитот на АПЕК. Една од главните теми ќе биде нуклеарното оружје.

Трамп ја остави отворена можноста за средба со Ким

Американскиот претседател, исто така, ја објави можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој во Кина.

„Можеби ќе се сретнеме и со Ким Џонг-ун“, рече Трамп, оставајќи ја отворена можноста за уште една средба.

Трамп и Ким се сретнаа три пати за време на неговиот прв мандат како претседател, последен пат во 2019 година. Оттогаш тие не се сретнале повторно.

Вашингтон се обидува да ги обнови разговорите со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, а евентуалната средба во Кина би можела да го отвори патот за обновување на дипломатските контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер