3Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
БалканМакедонците во Албанија го одбележаа празникот Василица, најбројни во селото ЛескаМакедонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј" во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот кој е патрон на овој божји храм. Синоќа во црквата се одржа вечерна богослужба а денеска Света Божествена Литургија, која ја одржаа свештениците Алексо Темелко и Топи Арѓири, по што беше кршена василичарската погача. Најсреќен беше Кире Танас од селото Зрновско, кој посака многу здравје, среќа и благосостојба. -Честит и вековит да ни е празникот. Среќата ми се насмевна мене и за тоа многу сум радосен. Посакувам најпрво здравје, среќа и насекаде нека владее мир, посака Танас. По традиција и овој пат со Македонците беше Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Во свое и име на партијата посака Стара Нова година да донесе здравје, среќа и благосостојба во домовите на сите Македонци каде и да се. -Нека ни биде и година на единство, успеси и напредок за сите нас, Македонците во Албанија, и нека продолжиме заедно да го чуваме и афирмираме нашиот македонски идентитет, рече тој откако запали свеќа за здравје. Празникот го честиташе и македонските друштва „Илинден”- Тирана и „Преспа" и градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, посакувајќи здравје, среќа и бериќет да донесе во секој дом. Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Во Пустец коледарски оган беше запален на плоштадот, во близина на црквата „Свети Архангел и Михаил". Во секое македонско семејство ширум Албанија, домаќинките подготвуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook