Македонците од Мала Преспа, во село Шулин, традиционално го одбележаа празникот Свети Никола - Канал 5

Македонците од Мала Преспа, во село Шулин, традиционално го одбележаа празникот Свети Никола

Македонците од Мала Преспа во селото Шулин ја продолжија традицијата на одбележување на  големиот христијански празник Свети Никола. 

Македонците од Мала Преспа, во село Шулин, традиционално го одбележаа празникот Свети Никола

- Овој празник е еден од најзначајните настани за мештаните, кои традиционално го одбележуваат со голема радост и почит. Оваа година, кум на празникот беше Ѓорѓи Кристо, кој заедно со своето семејство организираше богата трпеза и учествуваше во сите свечени активности, рекоа за МИА од друштвото „Преспа".

Наутро, во црквата во Шулин се одржала света литургија, на која присуствувале голем број жители, не само од селото, туку и од околните населени места.

- Кумот Ѓорѓи Кристо ја продолжи традицијата со подготовка на празничен ручек за сите присутни. Жителите на Шулин изразија благодарност до кумот за неговата посветеност и великодушност, како и за тоа што ја зачувува традицијата што се пренесува од генерација на генерација, додаваат од друштвото.

Одбележувањето продолжило во атмосфера преполна со радост, се играле македонски ора и пееле традиционални македонски песни.

-Уште еднаш се потврди духот на заедницата во Пустец. Свети Никола останува празник кој го обединува селото Шулин и цела Преспа, сите Македонци. Ја одржува живата врска со духовното наследство и македонските обичаи, нагласија од друштвото „Преспа".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер