Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
2Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
МакедонијаМакедонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле над 427 милиони евраМакедонците потрошиле речиси половина милијарда евра онлајн на производи и услуги преку своите платежни картички. Според податоците на Асоцијацијата за е-трговија, во 2025 година направени се повеќе од 12 милиони трансакции со вкупна вредност од 427,8 милиони евра. Од асоцијацијата оценуваат дека најголемиот процент на плаќање во Ирска е бидејќи таму се лоцирани најголемите глобални компании. Следни на табелата се Холандија каде се потрошени 62,4 милиони евра, како и Обединетото Кралство кое инкасирало нешто повеќе од 55 милиони евра. -Ирска има најголемо учество и во вредноста, и во бројот на трансакции, пред се зашто таму се лоцирани европските операции на глобални компании, но дополнително и таму оди наплатата за купување бројни дигитални услуги, апликации и subscription платформи. Веднаш потоа следи Холандија како значаен e-commerce и логистички хаб во Европа. Обединетото Кралство останува важен пазар поради развиената малопродажба и големиот број е-трговци кои директно продаваат на европски пазари, - Асоцијација за е-Трговија. Најмногу пари се потрошени на електронски трансакции во Ирска во вредност од 92 милиони евра, што е за 173 проценти повеќе од пред две години. Во однос на 2024 година, според анализата, бројот на електронските трансакции е зголемен за 69 проценти, а просечната трансакција е 34 евра. Пазарењето онлајн го потврдуваат и дел од македонските граѓани. Анкетираните велат дека нарачуваат најразлични стоки и услуги, но има и такви производи кои ги купуваат директно од продавница. Ретко пазарувам онлајн. –А кога пазарувате што најчесто купувате? –Па си купувам некои работи поситни што ми требаат за секојдневната употреба. Гардероба поретко купувам, други услуги повеќе. На пример USB, некој гејм стик, некој привезок така поинтересен. Па, многу често. Колку од прилика трошиш да речеме на пример на месец? –Па, до 2-3 илјади. Што најчесто купувате? –Па, некоја кошула или нешто за дома, украс, за кутрето некое дуксерче. Отприлика колку на пример би потрошиле во текот на еден месец на онлајн пазарење? –Не многу, докај 5-6 илјади. -Јас лично не, ама сите околу мене да. Што пазарат најчесто? –Ситници. Според анализата, овие трендови потврдуваат дека географската распределба на онлајн купувањето сè повеќе ја следи структурата на глобалната дигитална економија, каде земјата на евиденција на трансакцијата не мора да ја одразува реалната локација на производот или услугата. Тагови: онлајн купување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднинаПо повод Денот на рударите, иницијативата „И здравје и работа“ им го честита празникот на сите рудари, геолози, инженери, техничари и на сите вработени кои со својот труд придонесуваат за развојот на рударскиот сектор во Македонија.Рударството не е само индустрија. Тоа е професија која бара знаење, искуство, дисциплина и голема одговорност. Зад секој тон руда стои трудот на луѓе кои секојдневно работат во сложени и одговорни услови, а нивната безбедност и здравје мора да бидат највисок приоритет. Денес, кога светот се соочува со растечка потреба од критични минерали, бакар и други суровини неопходни за енергетската транзиција, електрификацијата и современата индустрија, прашањето не е дали рударството има иднина. Прашањето е какво рударство сакаме да развиваме. Нашиот став е јасен: современото рударство мора да се темели на науката, современата технологија, високи стандарди за безбедност и заштита на животната средина и силна институционална контрола. Не треба да постои лажна дилема „или екологија или работа“. Европското искуство покажува дека е можно и екологија и рударство, и инвестиции и високи стандарди, и економски развој и заштита на локалните заедници. Секој проект мора да биде оценуван врз основа на факти, стручни анализи, техничка документација и законски процедури. Прашањата за водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот и безбедноста се легитимни и неопходни. Но, одговорите на овие прашања треба да ги даваат науката и институциите, а не стравот, политичките поделби или непроверените тврдења. Во исто време, не смееме да ја занемариме економската страна на рударството. Секторот обезбедува работни места, придонесува кон индустриското производство, извозот и јавните приходи и создава економска активност и за голем број други компании и професии. На одбележувањето на Денот на рударите годинава беше посочено дека рударството учествува со 10,9% во индустриското производство и 2,8% во вкупниот извоз, додека приходите од концесиски надоместоци достигнале историски највисоко ниво од над 1,22 милијарди денари. Затоа, на овој ден сакаме да испратиме порака која е поголема од која било поединечна инвестиција: Македонија треба да има рударство кое создава работа, но и ја штити природата. Рударство кое носи инвестиции, но и придобивки за локалните заедници. Рударство кое користи современа технологија, но пред сè го почитува човекот. На сите рудари им посакуваме среќен Ден на рударите, безбедна работа, добро здравје и заслужено признание за нивниот труд. И здравје. И работа. И одговорност кон иднината. И здравје и работаТагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица„За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица.“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници. Почитуван г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, на чесното свештенство и преподобното монаштво, како и на сите православни христијански верници, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов. Како Мајка Божја и закрилница, таа е вгнездена и ги вдахновува срцата на сите христијански верници. Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа. Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица. За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица. Гордана Сиљановска-ДавковаТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПравославните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета БогородицаПравославните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема богородица. Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби. Празник на мајката на животот именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана. Овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Тагови: Пресвета Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook