Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка - Канал 5

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури, добиле денеска сите жители на Тајван поради опасност од цунами по земјотресот.

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури, добиле денеска сите жители на Тајван поради опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,7 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка. Како што сведочи за МИА Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, беспрекорна е организацијата кога станува збор за вакви природни катастрофи и елементарни непогоди поради што нема паника кај населението, ниту некој се чувствува загрозено.

-Денеска во 12 часот по локално време добивме предупредувачка порака за цунами. Тајванците не оставаат ништо на случајност. Најверојатно научени да живеат со ваквите појави, будно ги следат и превенираат. Се преземаат сите мерки да се намалат последиците од појавата. Од страна на Владата на Тајтунг, каде се наоѓаме во моментов, ни е наредено да останеме во хотел и да не излегуваме додека не добиеме порака дека тоа може да го направиме. Нема паника кај локалното население, а ние како странци овде само се надеваме дека ударот нема да биде од посериозни размери. За организираноста нема што да се каже. Беспрекорно е се. Тоа веќе го видовме во неколку случаи откако доживеавме два тајфуна со обилни врнежи од дожд. Исто како и сега, по добиените пораки само професионалните тимови се на терен, вели Пауновски кој со двата сина е на самиот брег на Тајтунг, во Тихи океан (Пацифик).

Тој нагласува и дека никој од надлежните во Тајван не држи прес-конференции кога има вакви ситуации.

- Тука никој не држи прес-конференции за да покаже дека нешто работи, ниту лиферува информации и видеа како спасува луѓе од поплавени региони. Сите, без оглед на работна позиција, се на терен и се справуваат со состојбата. Така, веќе наредниот ден се е по старо. Водата е издренирана и сите патишта се проодни. Одроните и наносите заедно со паднатите дрвја комплетно расчистени. Како успеваат не ми е јасно. Количината на вода која падна за време на двата тајфуна е огромна. Сувите корита кои се огромни, сега се полни со вода, објаснува Пауновски.

Пауновски е во Тајван на фестивал на балони на топол воздух.

- Тука сум со моите два сина од 29 јуни. Ангажирани сме од тајванските авторитети како два тима, два пилота и еден помошник за фестивал на балони на топол воздух. И во овој дел организацијата е доведена до перфекција. Годишно посетуваме преку 10 големи меѓународни фестивали или натреварувања, но никаде нема ваква „машинерија“. Лани имавме еден милион посетители, а годинава, и покрај временските предизвици, се очекува бројката да се надмине. И за луѓето, посетителите, нема што да се каже. Во 03 часот наутро со мали деца, со комплетна пикник-опрема чекаат да стартуваме и да уживаат во спектаклот. Инаку, при секое мое доаѓање, сум фасциниран од Тајван, со неговата природа и зеленило. Во сите урбани средини има преубави паркови комплетно прилагодени за сите типови рекреација. Корпи имаат многу ретко, но ѓубре фрлено никаде, потенцира Пауновски.

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск. Подоцна, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека, според различни проценки, јачината достигнала 8,7. Според научниците од академијата, ова е најсилниот земјотрес на полуостровот од 1952 година. Не се пријавени жртви или повредени, но имало штета во градинка во градот Петропавловск-Камчатски.

Околните земји се на „готовс“. Јапонија, Филипини, Индонезија и САД веќе издадоа наредби за евакуации поради опасност од цунами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер