Мајмунски сипаници во Македонија - епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно - Канал 5

Мајмунски сипаници во Македонија - епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно

Мајмунски сипаници во Македонија - епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија.

Мајмунски сипаници во Македонија - епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно

Во земјава вчера првпат лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox - Мајмунски сипаници. По потврдувањето на случаите, епидемиологот Драган Даниловски појаснува за какво заболување станува збор, нагласувајќи дека тоа не се пренесува лесно и оти е многу мал ризикот за епидемија.

-Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, зголемени лимфни жлезди, исцрпеност, кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото, инкубациски период од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации, пишува Даниловски на својот Фејсбук профил.

Заболувањето се пренесува со директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице, близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос, контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор, респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.

- Важно е тоа што таа не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт, вели доктор Даниловски.

Според него, ризикот за епидемија е многу низок. За сопствена заштита, нагласува, граѓаните треба да одржуваат хигиена (миење раце со сапун и вода), да избегнуваат близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети и при сомнителен осип да консултираат лекар. Нагласува дека мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата, вели, бара информираност и претпазливост, но не и паника.

Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, вчера информираа дека од Клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox - Мајмунски сипаници и воедно било упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

-Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox - Мајмунски сипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox - Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др, истакнаа од Институтот.

Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информирал пациентите за добиените резултати. Потоа, следела епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

-Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника, информираа од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје, најавија, ќе продолжи да ја следи состојбата и информира дека во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки.

ОД ИЈЗ нагласија дека се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и оти се преземаат сите превентивни мерки. Повеќе детали за јавност од Институтот најавија за денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Арамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. 

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија.

БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот.

Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион.

Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна.

Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада.

Не тој.

Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста.

Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез.

Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада.

Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде.

Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши.

Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор.

Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз.

А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење.

Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна.

Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лајка | Месечен преглед – Септември 2026

Месечен билтен на ЈП Лајка.

Лајка | Месечен преглед – Септември 2026

Благодарение на поддршката од граѓаните, вдомувачите, волонтерите и нашите партнери, секој месец правиме уште еден чекор кон подобра благосостојба на животните во Скопје

­Месецот во бројки

Зад секоја бројка стои конкретна активност, теренска интервенција и грижа за едно куче.

Погледнете ги клучните резултати од работата на ЈП Лајка во текот на Септември

172 Заловени

124 Стерилизирани/кастрирани

44 Вдомени

105 Вратени на локација

­Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје.

Во продолжение погледнете како изгледа теренската работа по општини и колку кучиња беа опфатени со програмата за хуман третман во секоја од нив.

­Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени и подложени на предвидениот хуман третман 25 кучиња.

Пријави од граѓани: 16

Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, согласно програмата за хуман третман на бездомната популација.

Пријави од граѓани: 14

Теренските активности во Општина Гази Баба резултираа со заловување и третман на 18 кучиња во текот на месецот.

Пријави од граѓани: 21

Во Општина Ѓорче Петров беа заловени и третирани 15 кучиња од повеќе локации на територијата на општината.

Пријави од граѓани: 7

Во текот на месецот, од подрачјето на Општина Карпош беа заловени и третирани 24 кучиња.

Пријави од граѓани: 7

Тимовите на ЈП Лајка заловија и третираа 29 кучиња од територијата на Општина Кисела Вода.

Пријави од граѓани: 14

Од различни локации на територијата на Општина Центар беа заловени и третирани вкупно 23 кучиња.

Пријави од граѓани: 9

Од територијата на Општина Чаир беа заловени и третирани 2 кучиња.

Пријави од граѓани: 0

Безбедност на терен за време на големите градски настани

­

Во септември, теренските тимови на ЈП Лајка беа дополнително ангажирани во пресрет на Скопскиот маратон и „Бела ноќ“. Активностите беа насочени кон централното градско подрачје и долж трасата на маратонот, каде поголем број бездомни кучиња беа привремено згрижени во прифатилиштето. Целта беше превентивно да се обезбеди безбедно одвивање на настаните за граѓаните и учесниците, а истовремено и безбедност на самите кучиња во услови на зголемена фреквенција на луѓе и сообраќај

Стратешко заловување со засилен теренски капацитет

­

Во септември, ЈП Лајка за првпат ја организираше теренската работа со четири екипи за заловување, со активности во проширен временски период од 05:00 до 20:00 часот. Екипите стратешки делуваа на територијата на Кисела Вода, Центар и Гази Баба, согласно однапред утврден план за заловување.

Паралелно со планираните активности, продолжи и ургентното постапување по пријави од граѓани, општини и институции на целата територија на Скопје, во првиот можен момент, а најдоцна во рок од 24 часа

­

Секое заловено куче поминува низ ветеринарен преглед и, согласно неговата состојба и програмата на ЈП Лајка, соодветен ветеринарен третман, стерилизација/кастрација, вакцинација против беснило, микрочипирање и идентификација

­

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

Стабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер