ЗабаваМајмун на велосипед се обиде да киднапира детеВо Индонезија се случило нешто неверојатно. Еден мајмун на велоспиед со полна брзина дојде до едно дете и го повлече со себе. Погледнете го епилогот на оваа драма:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаНАСА на Марс откри подрачје прекриено со чудни шестоаголни форми (ФОТО)Роверот „Кјуриосити“ на НАСА на Марс откри невидена површина покриена со полигонални шари. Станува збор за структури кои личат на саќе, а научниците се изненадени од нивната распространетост. Дијаметарот на поединечните полигони е помеѓу пет и десет сантиметри, пишува „Фјутуризам“. Таканаречените „полигонални пукнатини“ се забележани на Марс и претходно, но никогаш не го покривале пејзажот во таква мера. Роверот наишол на нив додека се искачувал на основата на планината Шарп, висока пет километри, која ја истражува од 2014 година. „Ова море од полигони навистина нè импресионираше“ Масткамерата на „Кјуриосити“ го фотографирала теренот дел по дел додека роверот бил во долината Вале Гранде на Марс. Направени се вкупно 340 фотографии, кои подоцна биле испратени на Земјата и компјутерски комбинирани во една широка, панорамска слика. НАСА вели дека панорамата е направена на 19 и 20 јуни 2026 година, за време на 4930-тиот и 4931-виот марсовски ден од мисијата. Curiosity has delivered a new 360-degree panorama from Mars. “We’ve seen a lot of fascinating landscapes through Curiosity’s eyes, but this sea of polygons took our breath away,” said the mission’s project scientist. 1/2 pic.twitter.com/G7sV6Xafkq — NASA Mars (@NASAMars) July 29, 2026 „Иако видовме многу фасцинантни глетки низ очите на Кјуриосити, ова море од полигони навистина нè импресионираше“, рече Ашвин Васавада, научник на проектот во Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА. „Внимателно ги мериме нивните форми и хемиски состав и се надеваме дека податоците ќе откријат индиции за тоа како се формирале овие структури“, додаде тој. Полигоналните текстури на Марс обично се пукнатини од кал. Начинот на кој се формирале укажува на геолошката историја на планетата. Формите во облик на саќе можат да се формираат со сушење на водата, што предизвикува збивање на седиментите, или можат да се формираат со екстремни промени во температурата. Со проучување на овие феномени, научниците се надеваат дека ќе можат да откријат како течната вода некогаш ја обликувала површината на Марс.Тагови: марс НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
БалканНа Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти Форензичарите денеска започнаа со ископ на локација на северот од Косово, барајќи масовна гробница во која би можеле да бидат пронајдени останките на околу дваесет жртви кои се водат како исчезнати од војната во 1990-тите, објави косовскиот премиер.Околу 13.000 луѓе, вклучувајќи 11.000 косовски Албанци, претежно цивили, беа убиени за време на косовската војна 1998-1999 година, во конфликтот меѓу српските сили и косовските Албанци. Речиси 1.600 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, објави Индекс. Ископувањето на масовната гробница започна во селото Калудри во општина Зубин Поток на северот од Косово, изјави премиерот Курти. Властите се надеваат дека таму ќе ги пронајдат „останките на група од 23 интелектуалци од Митровица, лекари, професори и активисти за човекови права, кои беа киднапирани и се водат како исчезнати од 19 април 1999 година“, објави Курти на платформата X. Authorities of the Republic of Kosova have begun excavating a mass grave in the village of Kalludër, in the municipality of Zubin Potok. The grave is suspected to contain the long-concealed remains of a group of 23 intellectuals from Mitrovica, doctors, professors and human… — Albin Kurti (@albinkurti) July 30, 2026 Пребарувањата на локацијата започнаа три дена по апсењето на двајца Срби од Зубина Поток, според обвинителството. Властите, исто така, претходно оваа недела посочија дека на местото на настанот се пронајдени човечки остатоци, без да откријат детали. Обвинителот Блерим Исуфај денес за медиумите за време на посетата на местото изјави дека во оваа фаза од ископувањето е сè уште „прерано“ да се зборува за резултатите. „Идентификацијата бара време и почитување на строги процедури за пронаоѓање, а потоа и идентификација на секое тело преку ДНК анализа“, рече Исуфај. Речиси три децении по војната, затегнатите односи меѓу Косово и Србија, која никогаш не ја призна независноста што нејзината поранешна покраина ја прогласи во 2008 година, исто така влијаат на процесот на барање исчезнати лица. Сепак, заедничка комисија од косовски и српски специјалисти се состана за прв пат во Брисел во јануари, повеќе од две години откако беше објавено нејзиното формирање. Се очекува комисијата да иницира соработка меѓу Белград и Приштина за лоцирање на местата на масовни гробници. Меѓу исчезнатите, 1.100 жртви се косовски Албанци, додека околу 500 се Срби, Роми или припадници на други малцинства.Тагови: Косово Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
ЕвропаЕрупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија. Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook