Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Шоу бизМајли Сајрус станала веганка откако издрогирана халуцинирала дека убива фокиПејачката Мајли Сајрус признала дека халуцинирала како убива фоки кога ја користела дрогата ајахуаска и дека тоа ја навело да стане веганка.Пејачката рекла дека експериментирањето со оваа дрога тргнало на лошо. „Халуцинирав дека убивам фоки и дека шаманот од устата ми го вади секое мртво животно кое некогаш сум го изела. Не беше забавно“, рекла Мајли. Ајахуаска е растение кое расте во амазонската џунгла и со него се прави пијалак кој шаманите го користат во текот на своите обреди. Тоа е свет лек на староседелците на Амазон и се употребува за разни цели, од емотивно до физичко лекување. Пејачката, која отворено зборува и за своето редовно користење марихуана, сега се обидува да биде целосно трезна, затоа што, како што вели, не е вреден мамурлакот после консумирањето на такви супстанци. „Сакам да станам наутро и да бидам целосно подготвена за новиот ден“, изјавила Мајли во една прилика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
БалканУжас на аеромитинг во Грција: Се урна воен авион, се трага по пилотите (ВИДЕО)Тешка авионска несреќа се случи денеска, за време на воздушен митинг во воздухопловната база Танагра. Ловец Ф-4 Фантом II на грчките воздухопловни сили се урна на локација надвор од аеродромот додека изведуваше маневри за прикажување како дел од популарниот аеромитинг. Во моментов нема официјални информации за состојбата на двајцата пилоти, но е потврдено дека не успеале да го користат системот за автоматско катапултирање и властите се обидуваат да ги пронајдат, објави Та Неа. Пожарникари и амбулантни возила веднаш беа испратени на местото на настанот. #Athens: An F-4 Phantom fighter jet crashes at Tanagra air base in Greece#Crash #Greece pic.twitter.com/EoEG5EmMOF — Asian Strategic Times (@AST_HQ) September 5, 2026 Настанот „Недела на летање во Атина 2026“, најголемиот воздушен митинг во Југоисточна Европа, започна со целосен успех порано во текот на денот, привлекувајќи илјадници гледачи. Учеството на легендарниот авион Фантом Ф-4 на овогодинешниот настан беше од особено значење, бидејќи беше планирано да биде еден од неговите последни јавни настапи пред конечното пензионирање од активната служба.Тагови: авион пилотите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин ненадејно нареди тридневен прекин на нападите кон УкраинаРускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ.Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват и одржат состаноци меѓу украинските претставници и американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во украинската престолнина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Украинските медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 септември до 8 септември. Виткоф и Кушнер денес пристигнаа во Москва и на аеродромот Внуково ги пречека Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, објави ТАСС. Авионот во кој се наоѓаа Виткоф и Кушнер слета во 12:52 часот по московско време. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања од новинарите, рече дека американските претставници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив. Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот, повикувајќи се на извори, дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПротест „Марш за Лика, марш за Хрватска“ во Загреб, за нелегално исфрлени 33.000 тони опасен отпад Голем протест во Загреб , повеќе од 300 јавни личности побараа спас за Лика, и одговорност за загадувањето , а говорницата беше забранета за политичарите.. Илјадници граѓани и познати личности но без присуство на политичари денеска излегоа на улиците во Загреб со ултиматум до Владата за спас од еколошките катастрофи поврзани со илегален и опасен отпад. Граѓаните имаа жестоки критики до надлежните институции за како што посочија нелегално исфрлените десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска, каде биле нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад. -Според службениот план за санација 13 илјади тони отпад чека санација. Сметката изнесува повеќе од 8 милиони евра, но отпадот е се уште тука, што се чека? На крајот на приказната кој ја плаќа најголермата сметка. Ние и нашите деца со своето здравје и милионските суми во евра од нашите џебови додека отпадната мафија на своите сметки акумулира профит од нашата отруена почва и вода., рече Ирена Бурба од здружението „Зелена Истра“. Граѓаните побараа итно и целосно санирање на загадените места, утврдување на одговорноста и јасни рокови за отстранување на отпадот што ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните... -За 35 години колку што постои нашата еко телефонска линија која е бесплатна имаме 36 илјади пријави на граѓани за проблеми со животната средина. Сите ги имаме проследено до надлежните институции. Повеќето од тие пријави се за илегален отпад и за опасен отпад. Во главниот град имаме еколошка бомба а имаме и случај опасен отпад кој што е оставен покрај извор за питка вода. Во случајот со Госпич, власта знаела и дозволила увоз на опасен отпад за кој знаела дека нема како да се складира туку единствено што може илегално да се закопа., рече Дора Сивка од граѓанско здружение „Зелена акција“. Колоната граѓани, предводена од локални еколошки иницијативи и здруженија, маршира низ централното градско подрачје носејќи транспаренти на кои повикуваа да се стави природата пред профитот. Во писмениот документ подготвен за Владата се наведуваат конкретни точки: итен мораториум на проектите што го загрозуваат водниот потенцијал, ревизија на издадените концесии за сеча на дрва и санкции за нелегалните зафати на терен. За секоја од точките е поставен прецизен рок, до 30 дена, во кој надлежните министерства мора официјално да одговорат или да започнат постапки на терен. Извор фото: vijesti.hrt.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11