2ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ТехнологијаМајкрософт со „лет” над Охрид и Преспа го промовира новиот симулатор (ВИДЕО)Microsoft Flight Simulator 2020 со промотивен лет над Охриското и Преспанското езеро ја претстави новата видео игра , што ја развива последните 15 години.Првото издание на франшизата е старо петнаесет години,а изданието 2020 година лета со нов пејзаж за компјутерски игри. Се одликува се со визуелизации од следната генерација со речиси незамисливо размери, а зигледот на летот остава прв впечаток што секого го остава вчудоневиден . Иако зад сета таа визуелизација и перфектни снимки од небото стојат многу гигабајти од компјутерот на корисникот , сепак уживањето е целосно. За среќа, можно е да се добијат стапки на рам што можат да се репродуцираат и добар квалитет на сликата на најразличен хардвер, ако може да се интервенира во делот за графики. Покрај тоа, оние што бараат да се изгради нов компјутер за Microsoft Flight Simulator 2020 или да ја користат играта како упатство за кое ќе се изврши надградбата, може да го добијат и тој пакет . Дополнително уживање даваат и три монитори , специјален џојстик и прекинувач за да се добие целосно уживање како вистински пилот на еден од одбраните авиони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијатаСо изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска. Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект. Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација. Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter