Предлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на Македонија
1Предлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на Македонија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ТехнологијаМајкрософт ги затвора сите свои продавници Мајкрософт денеска објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба како дел од својата „стратешка промена во доменот на малопродажба“.Како што е најавено, „Мајкрософт“ нема да ги отпушти вработените за време на таа промена. Наместо тоа, вработените во продавницата ќе се преселат да работат во корпоративните згради на компанијата. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во Microsoft.com, како и продажбата на Xbox и Windows. Технолошкиот гигант наведува дека неговите продавници се затворени уште од март поради пандемијата на коронавирус и дека работниците успеале да им обезбедат мрежна поддршка на клиентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на МакедонијаЗа да има ефект од разговорите со Бугарија, би било добро претставници од ЕУ да ги слушнат аргументите од двете страни – со ваква порака премиерот ќе ја пречека шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен во Скопје овој петок. Реформскиот напредок на државава но и промените во самата ЕУ каде се повеќе популарни стануваат партии кои се противат на проширувањето, ќе бидат дел од темите за разговор, најави Мицкоски. -Логично е да се седне и да се разговара во присуство на претставници од ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака кога седиме и разговараме на билатерална основа, тоа што се разговара нема никаква суштина. Ниту пак потоа брифирањето од тие средби е онака како што се разговарало. Ценам дека за да имаме некаков ефект, за да имаме суштина во тие разговори, добро е да има претставници од страна на Европската комисија за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогаш ние сме подготвени да ги прифатиме другите аргументи. -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Лидерот на СДСМ – Венко Филипче пак, ја оценува како лажна намерата на Мицкоски европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија. Иако се очекуваше новата европска стратегија за проширувањето да биде објавена пред фон дер Лајен да пристигне во регионот, сепак тоа ќе се случи по завршувањето на западнобалканската турнеја - потврдуваат од Европската комисија. Во меѓувреме, бриселски медиуми веќе објавуваат нацрт-извештаи на стратегијата, според кои, наместо едногласност, во одредени области, ќе се гласа со квалификувано мнозинство. -Комисијата предлага примена на понискиот праг на гласање со квалификувано мнозинство – 15 земји што претставуваат две третини од населението на блокот – за поширок спектар на политики, вклучувајќи санкции, човекови права, одбрана и безбедност. Сепак, иако нема навестувања дека ЕУ ќе се откаже од барањето за едногласност на самиот почеток и на крајот од кандидатурата на земјата-кандидат за членство, радикалното преструктуирање на процесот на донесување одлуки во ЕУ ќе се соочи со пречки,- -Бриселски медиум Репортер. Дополнително, за време на посетата на Урсула фон дер Лајен би се разјаснило дали Македонија сепак ќе биде вклучена во групата најуспешни земји кандидатки кои ќе добијат патокази како дел од претстојниот есенски извештај за проширувањето. Иако според бриселскиот медиум Политико, Македонија ќе биде изоставена од групата, според премиерот, тоа би било нелогично бидејќи како што вели, државава испорачува најголем дел од реформските обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаОтстранет двоглавиот орел на Кораб (ФОТО)Двоглавиот орел кој беше поставен на Кораб и предизвика реакции на социјалните мрежи е отстранет.До нашата редакција од гледач на Канал 5 пристигна фотографија на која повеќе не се гледа двоглавиот орел на Кораб. Пред неколку денови социјалните мрежи се појавија фотографии од планинари рекреативци, кои позираат покрај двоглавиот орел. Тагови: двоглав орел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИстрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, Обвинителството бара притворЕдно лице е осомничено дека сторило кривично дело „тероризам“, а уште две за неовластено поседување оружје по вчерашната акција против терористичко-криминална група во Скопје. Обвинителството за сите тројца побара 30-дневен притвор. Првоосомничениот е жител на скопската населба Ченто. Во вчерашната акција, која ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, беа вклучени Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи. Надлежните извршија претреси на десетина локации, а првично беа приведени пет лица. При претресите биле пронајдени повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, муниција, знамиња со обележја на ИСИС, но и компјутерска опрема за копање криптовалути. Се истражува дали припадниците на групата, покрај активности поврзани со тероризам, биле вмешани и во лихварство, нелегална трговија и други насилни кривични дела. „Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документацијата и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош“, информираше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. – Обвинителство. Од Обвинителството засега не откриваат дали осомничените подготвувале конкретен напад, ниту дали имале директни контакти со структури на Исламска држава надвор од земјава. Истрагата треба да го утврди и потеклото на оружјето, како и дали криптовалутите биле поврзани со активностите на групата. Од МВР вчера информираа дека во координирана акција со АНБ и Обвинителството биле извршени претреси на повеќе локации, приведени неколку лица и одземени оружје, муниција и други предмети важни за истрагата. „Канал 5“ се обиде да добие детали и дополнителни информации од Агенцијата за национална безбедност за нивната улога во акцијата и за сознанијата со кои располагале пред претресите, но оттаму информација најави за подоцна. Вчерашната акција е уште една во низата антитерористички операции во земјава. Кон крајот на 2024 година беше разбиена група која преку Телеграм регрутирала членови и повикувала на напади, а на почетокот на 2025 година беше откриена и четиричлена ќелија поврзана со пропаганда на ИСИС. Како можни цели тогаш се споменуваа фреквентни цивилни и јавни објекти во Македонија и Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook