Мајкл носи важна порака до гејмерите : Вака ќе изгледате за 20 години (ФОТО)

Се сеќавате ли на Ема, куклата во природна големина што прикажуваше како ќе изгледа телото на канцелариските работници за 20 години? Сега пристигна Мајкл, кукла која ја прикажува истата веројатност за хардкор гејмерите.

Куклата Мајкл го создаде OnlineCasino.ca како предупредување до гејмерите како би изгледале доколку не го променат однесувањето. "Визуелизацијата покажува дека Мајкл има бледа кожа како резултат на годините поминати под вештачка светлина и недостаток на витамини Д и Б-12. Тој има егзема поврзана со стрес на рацете и нозете и грбот е перманентно обесен поради лошата позиција", објаснуваат креаторите.

„Нему му недостасува спиење, дехидриран е, очите страдаат од зјапање во екранот и има Плејстејшн палец “, додаваат тие. Мајкл дури беше прикажан со вдлабнатина во черепот поради слушалките, косата му е изретчена, глуждовите му се отечени и има проблеми со вените.

На овој начин, тие сакаа да ги предупредат луѓето да не ја запоставуваат физичката активност за време на самоизолацијата и карантин предизвикан од коронавирус и да не го поминуваат целото време пред компјутер.

притисни ентер