Мајкл Џордан го купил првиот примерок од најбрзиот автомобил на светот, „лета“ до 500км/час - Канал 5

Мајкл Џордан го купил првиот примерок од најбрзиот автомобил на светот, „лета“ до 500км/час

Ако сте љубител на октани, тогаш на Hennessey SVT не му треба вовед, исто како и Venom F5, кој според многумина е најдобриот хиперспортски автомобил што Америка некогаш го има произведено.

Мајкл Џордан го купил првиот примерок од најбрзиот автомобил на светот, „лета“ до 500км/час

Нема многу филозофија во Хенеси, а кога станува збор за електрификација, тие се сосема јасни - не, благодарам. Добар им е и V8 мотор, кој го натераа на 1844 КС на Venom F5. Иако во принцип се произведува неколку години, официјално никој не го притиснал гасот до крај. Но, во оваа работилница се сигурни дека го имаат најбрзиот автомобил на светот. Веќе покажаа дека не се плашат од Бугати, а сега истото му го кажуваат и на Коенигсег.

И сега тие одлучија да понудат роудстер верзија на овој автомобил способна за брзина до 500 km/h. Ќе се произведуваат само 12 примероци од моделот Venom F5 Revolution Roadster, а тоа е автомобил кој не се плаши од свиоци. Напротив, тој е создаден за да соборува рекорди токму на патеката, додека трките за забрзување и рамните патишта не се неговиот фокус.

Најголема иновација е покривот, кој е изработен од композит од карбонски влакна, обложен со алкантара од внатрешната страна. Тежи само осум килограми, а се вели дека лесно се отстранува со само неколку потези. Во исто време, мора да го оставите во гаражата бидејќи во автомобилот нема одредено место за него.

Перформансите не се познати, но познато е дека 6.6 V8 моторот во оваа верзија произведува 1844 КС и 1617 Nm. Цената е околу три милиони долари, а засега не се знае уште колку примероци се достапни. Првиот наводно го купил Мајкл Џордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор.

Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. 

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер