„Рама, оди си!“- одекнува пред премиерскиот кабинет, силни полициски сили во центарот на Тирана (ВИДЕО)
1„Рама, оди си!“- одекнува пред премиерскиот кабинет, силни полициски сили во центарот на Тирана (ВИДЕО)
2Полицијата од регионот трага по Симеон- им ветувал големи плати, па работниците ги држел како робови
ЖивотМајката од пеколот се смее на суд , децата јаделе ѕидови и сопствениот измет (ВИДЕО)Украинката Владислава Трохимчук (23) е осудена на казна затвор , зашто со денови намерно ги изгладнувала своите деца и така го убила своето синче Данило.Мајката од пеколот 11 дена ги оставила своите деца без вода и храна , додека таа се забавувала со љубовникот. Со себе го понела нивното заедничко бебе. Дечињата биле толку изгладнети ,што ги јаделе тапетите и делови од ѕидот , а на крај и сопствениот измет. Владислава не покажала никакви чувства за време на судењето , освен кога и била изречена казната од осум години затвор. "Отидов да набавам продукти, им купив играчки. Ана лежеше во кревет и спиеше. Ја разбудив, и дадов сирење и банана и ја држев во рацете ... По сето тоа се чинеше како лош сон. Не разбирам што се случи … “, изјавила таа во полицијата. Нејзиниот застрашувачки план бил да ги фотографира своите деца откако ќе ослабнат што еможно повеќе, а потоа да ги објави тие фотографии на социјалните мрежи и да тврди дека страдаат од тумор и да бара пари, пренесува „Дејли меил“. Судијката ја нарече мајката бездушна, а таа се изјасни дека го сакала најдоброто за своите деца. „Се надевав дека ќе учат, ќе живеат подобро . Сакав да имаат сè“, рекла таа. Бидејќи злосторството се случило во 2016 година и Владислава е во притвор , таа треба да биде ослободена по три години. Тужителите ќе се жалат затоа што бараат доживотен затвор за мајка од пеколот. Надежда Максимец, портпарол на канцеларијата на обвинителството во Киев, рече: „Како мајка на две деца, јас сум во целосен шок“. Социјалните мрежи на мајката се полни со среќни семејни фотографии. На многу места, таа пишувала колку ги сака своите деца. Ана,која го преживеала хоророт ќе биде дадена на посвојување, но на Владислава ќе и биде дозволено да ја чува својата најмлада ќерка Софија по излегувањето од затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан„Рама, оди си!“- одекнува пред премиерскиот кабинет, силни полициски сили во центарот на Тирана (ВИДЕО)По релативно мирниот ден, ситуацијата во Тирана, каде што демонстрантите со денови бараат оставка од премиерот Еди Рама, вечерва повторно се влошува.Демонстрантите во моментов се на околу педесет метри од канцеларијата на премиерот Рама и скандираат „Рама, оди си!“, објави Телеграф. Полициски кордони се помеѓу канцеларијата на Рама и демонстрантите, а ситуацијата во моментов е мирна. На почетокот, луѓето стоеја мирно, имаше неколку групи со гас-маски, а токму тие запалија контејнери и фрлаа Молотови на улицата. Меѓу полицијата и демонстрантите има неколку багери и „исчистена површина“ на која ниту една од нив не се приближи. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Во еден момент, полицијата малку се помести кон демонстрантите, како и демонстрантите кон полицијата. Летаа камења, а полицијата ја повика толпата да се растера преку звучник. Како што кажаа некои од демонстрантите , тие повторно ќе се соберат на оваа локација утре во 10 часот наутро, и ќе пешачат до Министерството за образование 2-3 часа.Тагови: Еди Рама Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЛажни полицајци намамиле старица да остави 45.000 евра и накит во контејнер пред куќата во ЛарисаЛажни полицајци ја измамиле 75-годишната жена од Лариса, централна Грција, да остави 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре .Лажни полицајци ја измамиле 75-годишната жена од Лариса, централна Грција, да остави 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре откако прво ја контактирало лице кое се претставило како роднина на која ѝ биле потребни пари поради сообраќајна несреќа. Во првиот телефонски повик, непознатата жена тврдела дека е помладата роднина на 75-годишната жена која била повредена во сообраќајна несреќа и била во болница, поради што ѝ биле потребни пари, објави Прототема. Тој се претставил со своето име и презиме Набргу потоа, маж кој зборувал лош грчки ѝ се јавил и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не ги предаде парите. Потоа следел трет повик, овој пат од маж кој се претставил како полицаец од одделот за сајбер криминал. За да изгледа поубедливо, лажниот полицаец го дал своето име и презиме и ѝ рекол на жената дека тој и нејзиниот сопруг се обидуваат да ги пронајдат луѓето кои претходно ѝ се заканувале и се обиделе да ја измамат. Убедувајќи ја да соработува со полицијата, измамниците ја стекнале нејзината доверба и ја убедиле да собере пари и вредни предмети од куќата. Таа добила инструкции преку телефон Жената извадила 45.000 евра и повеќе парчиња накит, вклучувајќи медалјон, ѓердан и венчални прстени, ги ставила во кеса и ги оставила во контејнер за ѓубре пред нејзината куќа, како што измамниците ѝ наложиле. Потоа нивните соучесници отишле до контејнерот и ја одзеле кесата со пари и накит, додека жената останала во куќата и ги следела инструкциите што ги добила преку телефон. Во друг случај, исто така во областа Лариса, жртвата бил 84-годишен маж кого го повикало непознато лице кое се претставило како негов внук. Лажниот внук рекол дека има долгови кон даночните власти и итно му требаат пари за да ги плати. Полицијата ги истражува двата случаи Верувајќи дека му помага на својот внук, 84-годишникот собрал 5.200 евра и осум скапи часовници, ги ставил во торба и ги оставил на мало светилиште на плоштадот во селото каде што живее, во близина на неговиот дом, според упатствата од телефонскиот повик. Соработникот на измамникот набрзо пристигнал во светилиштето и ја зел торбата со парите и часовниците. Полицијата ги истражува двата случаи и ги бара луѓето кои учествувале во телефонските измами. Полицијата во Лариса предупредува дека во последно време има зголемување на телефонските измами, особено насочени кон постари лица, при што измамниците користат различни методи и се претставуваат како роднини, вработени во дистрибуција на електрична енергија, даночни службеници или полицајци.Тагови: полицајци Лариса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПолицијата од регионот трага по Симеон- им ветувал големи плати, па работниците ги држел како робови Полицијата го бара 50-годишниот Симеон М. во врска со кривична истрага за нелегална фабрика за цигари откриена пред неколку дена во поранешниот индустриски комплекс „Нафта Лендава“ во Тримлини, Словенија.Како што е наведено во полициската потерница, Националното биро за истраги (НБИ) спроведува предистражна постапка поради основани сомневања за кривично дело даночно затајување и трговија со луѓе. Претресот е поврзан со една од најголемите нелегални фабрики за цигари откриени во Европа. На 13 октомври, финансиските истражители открија модерно опремен производствен погон во индустриски комплекс во близина на Лендава, каде што пронајдоа приближно 14 милиони цигари и 44 тони тутун, објавува svet24.si. Уште пошокантно беше откривањето на 34 странски работници, 33 Парагвајци и еден Бугарин, кои наводно биле намамени во Словенија од криминална организација со ветувања за високи плати, а потоа биле принудени да работат во нехумани услови како робови. На работниците им биле конфискувани телефоните, нивното движење било ограничено и следено, а не биле платени за работата што ја извршувале. Според досегашните наоди на истражителите, меѓународна криминална организација наводно е вмешана во нелегално производство и експлоатација на работници. НПУ веќе го привела еден од осомничените, сопственик на индустриски хали, како дел од истрагата, кој бил ослободен по сослушувањето од страна на истражен судија. Полицијата апелира до сите што знаат нешто за 50-годишникот или го виделе веднаш да се јават на бројот за итни случаи 113 или на анонимниот полициски број 080 1200.Тагови: работници робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter