Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
Клековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опрема
1Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
2Клековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опрема
3Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната
МакедонијаМајката на Вања до судот: Дали злото ќе добие казна што ја заслужува?Мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица, се обрати со писмо до судот, пред крајот на процесот за обвинетите за страшното убиство на нејзината ќерка.Писмото на Зорица Ѓорчевска го објавуваме во целост: „Почитуван Суде, Се обраќам до Вас не само како мајка на Вања, туку како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро една година, целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот, беа презентирани низа материјални докази и сведоштва. Секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори...Но, за жал, еден факт останува непобитен - Вања ја нема. Ја киднапирале и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан низ светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи во Македонија кај нас не се случуваат. Далечни ми беа. Но се случи. И тоа токму мене, на моето најмило. И не смее да се повтори. Ниеден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав – да го испрати детето во училиште, и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва. Вања беше живот – со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветоодделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимување и летување со другарчињата од одделението, и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи во средно училиште - жалеше за разделбата од соучениците од основното училиште. Вања сакаше да гледа стари филмови од 70тите и 80тите. Ги знаеше знамињата и главните градови - буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема, ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата, а најмногу сакаше да го проучува холокаусот - не можеше да разбере како е можно да се случи такво зло на толку луѓе. Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште. И тоа утро – последното утро, стана, си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи, се подготви на училиште. Ја испратив до врата и и реков „се слушаме, мама, подоцна”. Тоа беше последен пат да ја видам. Вања не ја дочека полуматурата. Не ги дочека ниту патувањата со соучениците, не дочека ниту да ги искуси предизвиците на средното училиште, на новите другарства, на првата љубов, на создавањето на свое семејство и остварување на личните амбиции... Цела генерација на деца, соученици на Вања, доживеаа силна траума од нејзината насилна смрт. Долгоочекуваната полуматурата ја дочекаа во солзи, без волја да се забавуваат без својата другарка. Вања остави зад себе шокирани и скршени родители, роднини, братучеди, а пред се - сестра која не знае како да го продолжи својот живот без неа. Двете растеа со верба дека што и да се случи, ќе се имаат една со друга. Детето кое го одгледував со љубов, со грижа, со соништа. И тие соништа – сите до еден – се одземени. Со ладнокрвност. Со злоба. Со нечовечност. Мината е година и пол. Но, јас ја живеам таа кобна недела секој ден. Како може некој да покаже сила врз живот што допрва започнувал? Овој судски процес не ми дава мир. Тоа е мојот секојдневен пекол. Ја буди траумата, тагата и ја врти лентата на болката одново и одново, како секој ден да ја погребувам Вања. Но, јас морам да бидам дел од процесот, не од избор, туку од нужност. Морам да сум дел од процесот заради Вања, но и заради сите мајки. Дали злото ќе добие казна што ја заслужува, или ќе испратиме порака дека животот на дете не тежи ништо? Почитуван Суде, вечерта кога ме однесоа за последен пат да си го видам своето мртво дете, низ плач му реков на инспекторот: „Немојте да дозволите ова да се случи на друго дете”. Сега, го упатувам истиот апел и до вам – во оваа судница не се суди само за убиството на Вања – тука се суди за правото на секое дете во оваа држава да живее. Да расте. Да сонува. Да не дозволите ова да се случи повторно! Вакво злосторство не смее да се толерира. Не смее веќе родители да плачат и да молат за правда. А јас сега молам за правда. Правда за Вања. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОлимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето. Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои. „Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите.„Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски. Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка. Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.Тагови: МОК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опремаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница во Кочани, по повод донацијата на „Polish Aid“, реализирана преку Амбасадата на Република Полска.Станува збор за медицинска опрема наменета за оперативната сала, во вкупна вредност од 47 илјади евра, како што се: најсовремен операционен стол, компатибилен хистероскоп, операционо светло и друга хируршка опрема. Од болницата информираат дека благодарение на новата опрема, во текот на вчерашниот ден биле извршени три операции. Покрај ова, во ОБ Кочани се реализираат и други активности за унапредување на здравствената инфраструктура и услугите. Набавен е нов дигитален рендген-апарат, чија инсталација се очекува во наредниот период, а за одделот за физикална терапија е обезбедена современа медицинска опрема. Исто така, на гинеколошко-акушерскиот оддел, со новите гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на породувања. Дополнително, службата за итна медицинска помош е зајакната со две нови амбулантни возила. -Модернизацијата на ОБ Кочани ќе ја анализираме заедно со Клиничката болница Штип. Источниот регион треба да се планира како целина – што се развива во Кочани, што во Штип и како двете болници меѓусебно се надополнуваат, наместо да се планира болница по болница, истакна министерот Клековски. Министерот изрази благодарност до „Polish Aid“ и Амбасадата на Република Полска за поддршката, како и до Општина Кочани и целиот тим на Општата болница Кочани за нивната посветеност и ангажман во унапредувањето на здравствената заштита, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, учествуваше на 14. состанок на началниците на Генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative).Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, учествуваше на 14. состанок на началниците на Генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative), кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На состанокот, покрај началниците на Генералштабовите на земјите учеснички, присуствуваа и високи воени претставници на НАТО и Европската Унија, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Состанокот беше посветен на актуелните безбедносни предизвици, продлабочувањето на регионалната одбранбена соработка, унапредувањето на интероперабилноста и зајакнувањето на заедничките одбранбени капацитети. Во воведното обраќање, генералот Лафчиски ја истакна важноста на зајакнувањето на одбранбената соработка, интероперабилноста и регионалната безбедност, нагласувајќи дека иницијативата DECI и италијанскиот концепт ITA-FNC создаваат значајни можности за продлабочување на партнерството, развој на одбранбените способности, обуката и оперативната подготвеност во рамки на НАТО и Европската Унија, во интерес на стабилноста и безбедноста на регионот. Во продолжение на состанокот, генералот Лафчиски се обрати на панел-дискусиите посветени на регионалната безбедност и стабилност, воената соработка, како и улогата и вклученоста на DECI во меѓународните организации. Преку своите излагања, тој ги сподели согледувањата за значењето на регионалното партнерство, заедничкиот пристап кон безбедносните предизвици и унапредувањето на одбранбената соработка. Притоа, ја нагласи важноста на координираните активности, меѓусебната доверба и заедничкиот придонес на земјите учеснички кон регионалната стабилност и колективната безбедност. На состанокот беа разгледани и насоките за понатамошно унапредување на соработката и реализација на идните активности во рамки на иницијативата DECI, со цел продлабочување на партнерството и заеднички придонес во справувањето со современите безбедносни предизвици. Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на овој состанок ја потврдува активната улога на Армијата во регионалните иницијативи и посветеноста на нашата држава кон развојот на партнерските односи, зајакнувањето на одбранбените способности и колективната безбедност. Иницијативата DECI, на која се приклучивме во 2023 година, е формирана во 2012 година под покровителство на Италија, претставува регионален механизам за одбранбена соработка меѓу земјите од Јадранскиот и Балканскиот регион, насочен кон развој на партнерството, размена на искуства и унапредување на заедничките одбранбени капацитети. Канцеларија за воени односи со јавноста Генералштаб на АрмијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter