Мајка застанала да купи цигари, додека нејзинот бебе умирало во автомобилот, осудена е - Канал 5

Мајка застанала да купи цигари, додека нејзинот бебе умирало во автомобилот, осудена е

Мајката од Алабама, Саманта Мекормак (30) е осудена на 25 години затвор затоа што го оставила својот 18-месечен син Енцо Мекормак во автомобилот за да купи цигари и да наполни бензин.

Мајка застанала да купи цигари, додека нејзинот бебе умирало во автомобилот, осудена е

Таа била на пат кон болница бидејќи нејзиниот син дома се задушил од житарки. Мајката се исплашила кога го видела синот како се мачи да дише, поради што веднаш отишла во болница, но застанала до продавница да купи цигари и да наполни гориво. Кога се вратила во автомобилот, го затекнала синот модар и ладен на допир. Таа веднаш ја алармирала Итната помош.

За жал, малиот починал неколку дена подоцна во болница. Подоцна се испоставило дека момчето било малтретирано неколку дена пред смртта, а било утврдено дека било малтретирано од момчето на Саманта. Тој често го чувал момчето додека неговата мајка работела, а медиумите пишуваат дека жената знаела што прави неговиот очув, но не реагирала.

Трагичниот настан се случил пред пет години, а мајката претходно се изјаснила за виновна за кривичното дело убиство и злоупотреба на дете. Судот слушнал дека малото дете претрпело сериозен удар со тап предмет пред неговата смрт во септември 2019 година.

Исто така, на судот му било кажано дека мајката „намерно го злоставувала детето оставајќи го да се грижи за некој за кој знаела дека е насилен“. Мажот подоцна признал дека момчето еднаш го нокаутирало затоа што „му ги влечел влакната од градите“.

Сепак, лекар кој сведочел на судењето во 2023 година рече дека малото дете претрпело траума од тапа сила и повреди од згмечување. Оваа приказна ја потврди Валерија, доктор по судска медицина и патологија во Алабама. Таа рече дека Енцо имал повеќе контузии на главата, што укажува дека детето било погодено на најмалку две места во главата.

Тогашниот партнер на мајката, 32-годишниот Роберт Кит Елмор Џуниор, е осуден во 2023 година за убиство и осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Окружниот обвинител Памела Кејси тврдеше дека мајката го оставила синот кај партнерот и покрај тоа што знаела дека тој го злоставува.

Кејси објасни дека ЕМС од округот Блаунт и замениците на шерифот биле повикани во продавница во 19:00 часот на 6 септември 2019 година и нашле 18-месечно дете во респираторен дистрес, студено на допир и со модра боја.

Меккормак потоа им кажа на инспекторите дека додека ја користела бањата слушнала бучава во дневната соба и го нашла нејзиното дете како се гуши со житарки, според судските документи.

Неколку дена пред смртта на момчето, Елмор се грижел за малото, а во еден момент и испратил порака на мајка си дека Енцо „не дише, тој е млитав и син“, пишува Independent.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“

Еден месец по свадбата на Џастин Ејси, Талула Вилис сподели ретка фотографија со својот славен татко, Брус Вилис. 

Ќерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“

На фотографијата што ја сподели 32-годишната Талула, таа го бакнува својот 71-годишен татко во челото.

На легендарниот холивудски актер му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година. Таа едноставно напиша „Толку слатко“ покрај објавата, а обожавателите оставија бројни пораки за поддршка во коментарите.

Во март 2022 година, семејството првпат објави дека ѕвездата на филмот „Умри машки“ (Die Hard) се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија – нарушување што влијае на способноста за комуникација.

Во февруари 2023 година, тие потврдија дека состојбата напредувала и дека лекарите утврдиле попрецизна дијагноза: фронтотемпорална деменција. Станува збор за неизлечива болест на мозокот која може да влијае на говорот, однесувањето и личноста.

Минатиот август беше објавено дека актерот се преселил во посебна куќа, веднаш до домот на неговата сопруга Ема Хеминг, за да добива деноноќна професионална нега.

Свадба во семејниот дом Брус Вилис се појави и на фотографија од свадбата на неговата ќерка. На црно-белата фотографија, објавена од списанието „Вог“ (Vogue), тој е прикажан како ја прегрнува Талула.

Таа и Џастин Ејси стапија во брак на отворено, во дворот на семејниот дом во Хејли, Ајдахо. „Тоа е местото каде што научив да бидам слободна и станав сонувачот што сум денес“, изјави Талула за „Вог“.

„Џастин и јас поминавме толку многу време таму, што тој стана дел од имотот, кој за мене веќе има огромно емотивно значење“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“

Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.

ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“

Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка.

Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции.

Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура.

На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување.

Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери.

Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци.

Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост.

Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани.

Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации

Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување.

Филипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи  ќе му судат следните генерации

Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер