3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЖивотМајка со сопственото тело го штити 5- годишниот син пред разбеснет ротвајлер (ВИДЕО)Застрашувачката снимка од мајката Наталија, која го користи своето тело за да го заштити својот петгодишен син од разбеснетиот ротвајлер, додека крвари по каснувањето, стана вирална.Нападот на мајката и детето се случил вчера попладне на улицата „Медногорскаја“ во Екатеринбург, а го снимиле соседите кои не можеле да ѝ помогнат на несреќната мајка бидејќи и нив кучето им се заканувало дека ќе ги касне. Наталија лежи над синот, од нејзината рака обилно тече крв и го натопува снегот. Дури по половина час успеале да го одвојат бесниот ротвајлер од истрауматизираната жена и нејзиниот мал син. При одење во болница, на Наталији ѝ биле констатирани бројни каснувања на двете раце, како и отворена скршеница. Според изјавите на очевидците, кучето најпрво се нафрлило на детето, а Наталија, обидувајќи се да го заштити својот син, претрпела страшни повреди. Сейчас вот, например, резонанс по поводу этого видео! Нападение собаки на ребёнка — в Екатеринбурге ротвейлер едва не загрыз мать с 5-летним ребенком. Но... Оцените километры комментариев!!! (я заскринил лишь самый минимум) Так вот.... Мы же каждый день с вами видим эти тонны… pic.twitter.com/TYRAYOWm21 — Patrick Bateman🇺🇸 (@bateman_pa12732) February 27, 2025 Повеќе од половина час никој не можел да им пријде на Наталија и нејзиното мало момче кое неутешно плаче, бидејќи ротвајлерот трча наоколу за повторно да нападне. Наводно се работело за куче на сопственик на продавница, кое претходно ги напаѓало минувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter