ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
1ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
МакедонијаМајка од пеколот: Крвнички го претепала шестмесечното бебе, не ѝ било прв пат-сосед го однел во скопска клиника23-годишна жена, која беше уапсена утрово во Скопје под сомнение дека предизвикала сериозни телесни повреди на своето бебе, наводно го злоставувала своето дете уште од раѓање.Шестмесечното момче било донесено во болница неделата навечер, со лице покриено со крв и ужасни повреди на главата. Обвинителството сега објави шокантни детали за злоставувањето. „Осомничената е обвинета за грубо занемарување на мајчинската должност и занемарување и злоставување на својот шестмесечен син во вечерните часови на 9 ноември. Таа е осомничена за физичко злоставување на бебето затоа што детето плачело, како и за удирање на момчето со рацете и тупаниците во носот и устата, предизвикувајќи крварење“, соопшти обвинителството. Повредите ги забележал сопственикот на куќата каде што мајката била со детето, по што го зел детето и брзо го однел на лекар. По пристигнувањето во болницата, лекарите забележале и стари повреди на детето. Бебето имало бројни хематоми, контузии и модринки што ги имало од претходно. Исто така, било откриено дека мајката никогаш не го однела детето на лекар од раѓањето и дека бебето не примало никакви вакцини. „Се сомнева дека таа одбила медицинска нега за бебето за да ги прикрие трагите од физичко малтретирање“, се вели во соопштението. Обвинителството побарало осомничената да биде притворена поради можност за обид за бегство. Бебето е згрижено од центар за социјална работа. Состојбата на момчето во моментов е непозната. Обвинителството изјави дека таткото на детето е непознат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежтаНема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта. Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира. Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир. Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори. Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта. Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот. Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата. На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на границаДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Половина од Владата има бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски пасоши и посебен премин на граница. Тие си обезбедија Европа. На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце. Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter