Мајка не ја пуштила својата ќерка на училиште (видео) - Канал 5

Мајка не ја пуштила својата ќерка на училиште (видео)

Причината поради која одлучила такво нешто ги разбесна родителите на мрежата!

Мајка не ја пуштила својата ќерка на училиште  (видео)

Таа смета дека нејзиното девојче трпи стрес и треба да остане дома.

Многу мајки знаат дека кога детето е болно, најдобро е да остане дома за да закрепне и да се спречи пренесувањето на вирусот на другите деца во училиштето. Меѓутоа, една мајка решила да ја остави својата ќерка дома од сосема бизарна причина. Таа проценила дека нејзиното девојче трпи стрес поради лошата фризура, па најдобро е да остане дома.

Рути е мајка на едно мало, преслатко девојче за кое вели дека во недела навечер ги расплетува плетенките и се подготвува за понеделник да оди во училиште. Едно утро, кога мајката видела дека нејзината ќерка не излегува од собата, влегла да провери што се случува и ја нашла својата ќерка расплакана.

@ruthyandthebrain Im teaching my daughter to listen to her body & take care of her mental health. #girltok #badhairday ♬ original sound - Ruthy

- Беше испаничена и имаше напад на анксиозност - изјавила Рути.

Како што објаснила, нејзината ќерка ѝ признала дека се чувствува фрустрирано бидејќи немала време да ја среди својата фризура, пренесува британски Сан.

Гледајќи ја паниката во нејзините очи и стресот на детето, мајка и ѝ рекла да престане да се обидува да ја среди косата, да ги облече пижамите и да се врати во кревет. Рути на своите придружници на Тикток им објаснила дека кога се чувствуваме вознемирени или обземени од некоја задача, па дури тоа да е чистење на домот или чешлање на косата, нашето тело ни порачува да направиме пауза.

Мајката објаснила дека тоа било момент да го научи своето девојче важна лекција за менталното здравје,дека треба да одвои време за себе, па дури и ако не е физички болна.

Видеото предизвика позитивни коментари на Интернет, особено од мајките кои се согласиле дека Рути постапила правилно што не ја пуштила нејзината ќерка да оди на училиште.

- Тоа е вистинскиот потег, мајко! Вака ги учиме малите деца да ги слушаат и да ги потврдуваат своите емоции и менталното здравје.

-Ме полазија морници, ова многу значи. Ти си неверојатна мајка.

- И јас на моите деца им подарувам денови за менталното здравје. И тие се луѓе како нас – беа дел од коментарите.

Но, имаше и негативни коментари од луѓето кои сметаа дека Рути премногу ја разгалува својата ќерка.

-Не сте постапиле добро. Од неа ќе направите разгалено девојче кое во иднина, кога ќе порасне, секогаш ќе наоѓа изговори да не ги извршува своите задачи.

- Не оди на училиште поради лоша фризура?! Боже, жено, што зборуваш?

- Колку што е важно менталното здравје, толку е важно децата уште од мали да научат дека обврските мора да се исполнуваат, дури и кога не се чувствуваат добро.

-Не би сакал мојот син, еден ден, да ја запознае твојата разгалена ќерка.

- Би разбрала ако се работи за нешто сериозно, ако детето трпи врсничко насилство, но да го остави дома поради лоша фризура... Што си ти, психолог? Жено, како го воспитуваш тоа дете - беа само дел од негативните коментари на оваа објава.

Извор: srecna.republika.rs/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер