Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив - Канал 5

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мајка на две девојчиња со аутизам кои образованието оваа учебна година го почнале во редовно училиште открива дека досега се уште на наставата немаат образовен асистент, и самата мора да седи на училиште со нив....

Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив

Мартина Младеновски е мајка на две првачиња со аутизам од основното училиште „Братсво“ во скопски Карпош..Нејзините две девојчиња се уште немаат образовен асистент вели таа, и низ солзи вели дека е приморана да биде со нив на училиште... Младеновски вели дека покрај голготата што ја поминала во првите седум години од нивниот живот без никаква поддршка, сега, иако навреме ги запишала децата на училиште, учебната година им почнува без асистент.

– Од школото е поднесено барање за образовен асистент уште на 26 мај, но таму до ден денеска, еве денеска сме 10 септември нема никаков одговор. Засега седам јас со нив додека не се обезбеди соодветната поддршка . Сето тоа е премногу напорно, јас како што и кажав, јас седум години ги пополнувам дупките што системот ги прави се за добробит на девојчињата.

Од ресорното Министерство пак велат дека годинава се ангажирани рекорден број на образовни асистенти, но и дека е во тек постапка за да се обезбедат и нови таму каде што се уште има потреба. Во меѓувреме, од МОН ги задолжуваат училиштата да ги искористат ресурсите за да ги пополнат овие дупки.

„Во тековната учебна година се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и за прв пат 166 во средното образование. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби. До завршување на постапката, училиштата се задолжени да ги стават во функција сите расположливи кадровски и стручни капацитети за обезбедување континуирана поддршка на учениците со попреченост.“

Од ОУ „Братство“ велат дека и покрај доставеното барањ до ОУ Златен Сремец за ангажирање на двајца образовни асистенти, оттаму до денеска не добиле одговор. Иако го контактиравме училиштето, од уилиштетео не добивме одговор, до каде е постапката, најавија дека раководството ке соопшти од понеделник..

Инаку, Младеновски вели дека нејзините дечиња не се единствените кои немаат образовен асистент, и се надева дека ова ќе биде последна година во која ќе се соочуваат со вакво проблем.

– Од се срце посакувам ова да биде последна година во којашто ќе бидеме ставени во ситуација да излегуваме јавно и да говориме на оваа тема. Порака до сите родители е да бидат издрживи – тие дечиња имаат толку љубов во нив и толјку се сакани што им посакувам на сите родители да го издржат товарот што им е доделен да го носат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 12 вочачи- 11 возеле без возачка дозвола

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, 11 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол .

Уапсени се 12 вочачи- 11 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час.

Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка

Лишен од слобода жител на село во општина Илинден, управувал возило со 3,02 промили алкохол во крвта, во кое била пронајдена воздушна пушка.

„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка

На 09.09.2026 во 14:55 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода А.С.(37) од с.Марино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта. Исто така, при контрола во возилото била пронајдена возушна пушка, која била одземена.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев: Посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (10.09.2026) учествуваше на “Билатералната вежба Македонија–Грција за меѓусебна правна помош во случаи на финансиски криминал”, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Директорот на БЈБ Јанев: Посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминал

Вежбата е насочена кон унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции од двете земји, преку размена на искуства, информации и најдобри практики во постапувањето со случаи поврзани со финансиски криминал и прекугранични криминални активности.

„Безбедноста нема граници. Затоа и нашата соработка не смее да има граници“, истакна директорот Јанев, нагласувајќи дека криминалот не познава граници, криминалните мрежи се поврзуваат, а финансиските текови често минуваат низ повеќе држави.

Затоа, како што посочи Јанев, одговорот на институциите мора да биде заеднички, навремен и координиран – преку директна размена на информации, ефикасна меѓусебна правна помош, финансиски истраги, следење на сомнителни трансакции и размена на податоци од значење за истрагите.

Како соседни земји, двете држави имаат посебна одговорност за зајакнување на безбедносната соработка и создавање механизми кои ќе овозможат институциите да бидат чекор пред криминалот.

„Нашата цел не е само да реагираме кога криминалот ќе се случи. Целта е заеднички да бидеме чекор пред него – преку навремено споделување информации, координирани постапки и ефикасна правна помош“, порача Јанев.

Тој нагласи дека ваквите вежби се особено значајни бидејќи овозможуваат практично тестирање на механизмите за соработка и унапредување на процедурите за постапување во сложени прекугранични случаи.

„Таму каде што криминалот гледа граница како можност за криење, ние треба да гледаме можност за уште посилна соработка. Силни институции, тесно поврзани партнери и заедничка одговорност се основата за побезбедни граѓани и постабилен регион“, истакна директорот на БЈБ, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер