Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЖивотМајка на четири деца се напила вода во кафуле во Болоња и паднала во комаНеименуваната жена (48) завршила во кома десет дена откако нарачала чаша вода во локалниот бар во Болоња и ја испила по оброкот.Инцидентот се случил на 2 ноември кога една жена седнала во кафуле да јаде кроасан и нарачала кафе заедно со него. Ѝ дадоа чаша вода по што ѝ се слошило, објави италијански Тудеј. Во болница била примена во многу тешка здравствена состојба, поради што 10 дена била во кома. Сега, откако ѝ се подобрило здравјето, вели дека нема кој да се грижи за нејзините четири деца. "Пиев вода во кафуле и потоа бев во кома речиси десет дена. Сѐ уште се мачам да зборувам и да јадам. Не сум способна за работа и имам четири деца да издржувам. Сѐ уште не знам каква штета ми направи таа вода, не добив ни извинување“, изјавила 48-годишната жена за италијанските медиуми. Во болницата било констатирано дека во водата имало детергент кој ѝ нанел оштетувања на усната шуплина и хранопроводникот, а имала и крвавење поради внесување на каустични материи. „За неколку моменти ми се слоши, почнав да повраќам и се јавија на 911“, додала жената. Италијанската полиција го истражува овој случај поради многу сериозни повреди кои најверојатно се предизвикани ненамерно. Трентно, единствената личност под истрага е шанкерот кој ѝ ја подал водата. „Не дадоа никаков одговор, ниту од просториите, не знаеме ни дали ќе има надомест на штета, продолжија редовно да работат, немаше проверка, а раководителите не одговорија на писмо или барање за обештетување што го испративме“, рече адвокатот на жената. Покрај физичкото страдање, жената е и крајно тажна затоа што никој од вработените од кафулето не се интересирале со нејзината здравствена состојба, ниту се распрашувале за неа по инцидентот“, заклучи адвокатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваИ овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела ВодаОпштина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со “Киноверзум”, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови. Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик. Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција. Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година. Ги покануваме сите граѓани овој викенд да присуствуваат и да уживаат во филмската програма во Општина Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во ЛепенецПо преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Скопје. Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор. По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00