Мајка му забрани на својот син да прими хемотерапија: Приказна која го крена светот на нозе (видео) - Канал 5

Мајка му забрани на својот син да прими хемотерапија: Приказна која го крена светот на нозе (видео)

Анџела Киско, мајка на три деца од Австралија предизвика лавина коментари на интернет откако донесе одлука да не му дозволи на својот шестгодишен син Ошин да добие третман со хемотерапија.

Мајка му забрани на својот син да прими хемотерапија: Приказна која го крена светот на нозе (видео)
Имено, на детето во декември минатата година му е дијагностициран медулобластом, тумор на малиот мозок кој се појавува кај децата во раното детство. Лекарите препорачале и зрачење, но Анџела и нејзиниот сопруг Колин не дозволуваат да се спроведе овој третман, иако тоа е веројатно единствената надеж дека детето може да преживее.

„Да можам да го разберам тој третман, не би имала ништо против и тоа му го реков на онкологот. Тие лекуваат рак со нешто што самото по себе е канцерогено и навистина не разбирам како тоа може да му помогне“ – објасни Анџела.

Поради овој случај се дигна голема расправа во јавноста, па на крајот реагираше и судот. Одлучено е дека детето мора да добие терапија која може да му го спаси животот, без оглед на противењето на неговите родители.

„Попрво би го лекувала Ошин со азиски алтернативни методи. Не сакам мозокот на моето дете да биде спржен од радијација. Нуспојавите се ужасни и штетни и воопшто не знам како тоа можат да го наречат третман. Како родител, своето дете го познавам подобро од било кој лекар“ – упорна е Анџела.

Од друга, австралискиот неврохирург доктор Брајан Овлер тврди дека шансите Ошин да преживее се 60 отсто, доколку отиде на операција, а после тоа добие третман со зрачење и хемотерапија.

„Ризикот е секогаш присутен, но многу деца го преживуваат и туморот и третманот и продолжуваат да живеат среќно и здраво“ – изјави Овлер.

Но, Анџела и Колин остануваат при своето мислење и изјавуваат дека попрво би го ставиле Ошин под палијативна грижа, отколку постојано да го малтретираат со заминувања во болница.


„Децата со медулобластом поминуваат години и години низ тортура, медицински третмани и повторно враќање на болеста, а сето тоа за да добијат евентуално пет години живот. Би сакала на Ошин да му овозможам мир, љубов и среќа додека можам“ – изјави мајката.

На судењето лекарите истакнаа дека детето има уште неколку месеци живот доколку не ја добие терапијата, но искрено изјавија дека шансите да проживее подолго од пет години се многу мали.

„Шансите да преживее подолго од пет години со хемотерапија се околу 30 отсто, а со хемотерапија и зрачење околу 50 отсто“ – наведоа лекарите.

И покрај малите шанси, судијата донесе одлука дека на детето мора да му се овозможи лечење и истакна дека во текот на наредните години може да се случат многу работи кои би придонеле за промена во начинот на лекување.

На прашањето поради која причина никако не сака да нејзиниот син да ја добие единствената можна терапија, Анџела изјави дека знае како сето тоа изгледа, бидејќи нејзината мајка и маќеа починале од канцер.


„Тоа е вистински пекол и за болниот и за семејството. Детето во текот на тој процес како да не е живо. Постојано е под седативи, исцрпено и скоро несвесно, на работ на смртта. Тоа повеќе ми наликува на нацистички методи“ – заклучи мајката.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер