ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
1ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
БизарноМајка му го натерала да ја скрши конзолата за видео игри- снимката предизвика шок на споцијалните мрежи (ВИДЕО)Видео кое кружи на социјалните мрежи во последните денови предизвика жестока дебата меѓу корисниците.Видеото, за кое се вели дека потекнува од Соединетите Американски Држави, прикажува момче кое плаче, на возраст од осум или девет години, како ја крева својата конзола за видео игри над главата, а потоа ја фрла и ја крши на бетонот пред куќата на неговото семејство. „Проблем со управување со гневот“ Во позадина се слуша гласот на неговата мајка, која му кажува со груб тон да „го земе уредот и повторно да го фрли“. Според изјавите што го придружуваат видеото, момчето морало да ја уништи Playstation конзолата како „казна“ за наводно „грубо однесување кон семејната мачка“. Момчето неволно ја послушало мајка си, повторно го зел уредот и го фрлило на бетонот. Оваа сцена, која трае повеќе од една минута и не е најпријатна за гледање, е дополнително засилена од неговата видлива вознемиреност. Зборовите на мајката сугерираат дека казната дошла откако момчето „ја фрлило мачката на подот неколку пати“. Жената, која не се гледа во видеото, вели дека детето има „проблеми со контрола на гневот“. Does this mother really think that posting the video online to get likes will make her child change? If she really did it purely for educational purposes, she wouldn't have posted the video online. pic.twitter.com/a9LYZm2btT — רועי סגל (@SegalRoy_) May 3, 2026 Мислењата се поделени До крајот на видеото, момчето плаче, додека корисниците дискутираат како таквата казна би можела да влијае на неговото идно однесување. Реакциите беа поделени, објавува Дејли Стар. Некои корисници ја поддржаа мајката, верувајќи дека е важно јасно да се санкционира насилството врз животните. Сепак, имаше и такви кои ги критикуваа нејзините постапки, особено одлуката да го објави целиот инцидент на социјалните мрежи. Некои коментатори изразија сомнежи дека овој вид казна би го имал посакуваниот ефект, додека други се прашуваа дали јавното изложување на детето на осуда е оправдано и во негов најдобар интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
МакедонијаЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуанаОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) отвори истрага против едно лице поради основано сомнение дека било дел од организирана шема за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, како повеќе лица, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од 324 килограми и 474 грама. Кон крајот на февруари годинава осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија кон Република Турција, преку Република Бугарија. Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун. Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија. По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија. На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на наркотична дрога – марихуана. Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение вчера на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМика Годц премина од Ајакс во Париз Сен ЖерменБелгискиот фудбалер Мика Годс е најновиот играч на Пари Сен Жермен, што го потврдија холандскиот и францускиот клуб. Според соопштението на официјалната веб-страница на актуелниот двократен европски шампион, 21-годишното крило потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Годс претходно настапуваше за Ајакс, а сега ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот шампион и европски првак. Претходно денес, Пари Сен Жермен го потврди и доаѓањето на шпанскиот репрезентативец Феран Торес од Барселона. Францускиот клуб продолжува да го засилува својот состав пред новата сезона, а се очекува Годс да понуди уште една напаѓачка опција за тимот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
НБААдетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“ Грчката НБА ѕвезда, Јанис Адетокумбо не ги крие своите амбиции пред новата сезона во НБА.Адетокумбо ја дочекува новата сезона во НБА со големи амбиции, откако му се приклучи на тимот на Мајами Хит. Очекувањата од тимот од Флорида дополнително пораснаа, а Јанис јасно стави до знаење дека сака да биде еден од најдобрите играчи во лигата и да се бори за највисоките цели. Во видео објавено на официјалните канали на НБА, Адетокумбо одговараше на прашања со кратки изјави, а неговите пораки пред почетокот на сезоната беа многу конкретни. „Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им порачам на навивачите дека ќе ја вратиме – жештината (heat)“, рече Адетокумбо, алудирајќи на значењето на името на тимот Мајами Хит. Зборувајќи за европската кошарка, тој истакна дека таа моментално минува низ еден од најдобрите периоди во својата историја. Што се однесува до неговиот пристап кон новата сезона, пораката е јасна – победувањето е приоритет. „Мојата филозофија за новата сезона е победувањето. Кога ќе се укаже можност, ќе доминирам. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона“, изјави Адетокумбо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook