Мајка- монструм од Австрија: Го чувала синот (12) во транспортер за кучиња и го измачувала - Канал 5

Мајка- монструм од Австрија: Го чувала синот (12) во транспортер за кучиња и го измачувала

Во Австрија во тек е судењето на две жени, кои се обвинети дека измачувале 12-годишно момче речиси до смрт.

Мајка- монструм од Австрија: Го чувала синот (12) во транспортер за кучиња и го измачувала

Грозоморниот случај бил откриен минатата година во Долна Австрија, а неговата мајка (33) и нејзината наводна партнерка (40) се обвинети за тортура на малолетник.

Малото момче го затворале во транспортер за кучиња со димензии 52х40 сантиметри секој ден и постојано го мачеле. Момчето од сигурна смрт го спасил социјален работник.

Во моментот кога е пронајдено момчето, неговата телесна температура била 26,8 степени, а детето било премногу слабо бидејќи мајка му и нејзината девојка го изгладнувале.

Постарата обвинета ја негира вината, иако во нејзиниот телефон биле пронајдени пораки што ги разменила со мајката на момчето. Имено, тие си праќале фотографии од измаченото дете заедно со морничави пораки и гифови. На многу фотографии изгладнето момче е свиткано на земја.

Малото момче, кое сега има 13 години, пред судот изнело детали за ужасната тортура што ја трпело подолг временски период во последните недели.

Со него психолозите внимателно ги проверувале сите детали од ужасите што се случиле во куќата на неговата мајка.

Момчето било претепано, полеано со вода, додека крпа му била ставена на лицето, врзан и затворен во транспортер за кучиња во многу ладна просторија. Мајка му не му давала ништо да јаде неколку дена.

Тој последен момент бил спасен во ноември 2022 година во. Лекарите рекле дека веројатно немало да преживее уште еден ден со тортура.

Неговата мајка и нејзината девојка се обвинети за обид за убиство и се соочуваат со децении затвор.

За време на неговото сведочење пред судот, детето не можело или не сакало да се присети на бројни детали од неговото мачење, но постојано потврдувало дека го преживеал пеколот и дека двете жени учествувале во неговото мачење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот.

Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година.

Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. 

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата.

Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд.

Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики.

Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес.

На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност.

ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции.

Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дождлив викенд со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Дождлив викенд со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер