Мајка и баба заложиле накит за лекување на синот-за три минути ги ограбиле професионалци(ВИДЕО) - Канал 5

Мајка и баба заложиле накит за лекување на синот-за три минути ги ограбиле професионалци(ВИДЕО)

Стефани Реган и нејзината мајка Менди биле ограбени пред продавница за накит кога дошле да заложат многу вреден накит бидејќи парите им биле потребни за лекување на нејзиниот болен син.

Мајка и баба заложиле накит за лекување на синот-за три минути ги ограбиле професионалци(ВИДЕО)

Нејзиниот син со години страдал од епилепсија и жените решиле да го заложат накитот што го имале во куќата за да купат апарат кој открива епилептични напади, објави Дејли Меил.

Пред златарницата ги чекале членови на банда, а целиот напад бил снимен од безбедносните камери.

Покрај парите од продажбата на накит, Стефани во чантата имала уште накит, кој го однела на проценка во златарницата.

Кога ја напуштале продавницата, член на бандата ги следел до автомобилот, а потоа поставил уред во близина на тркалото, кој бил дизајниран да ја дупне гумата додека вози.

Кога гумата целосно се издувала додека возела, друг член на бандата и рекол на Стефани дека нешто не е во ред со нејзиното тркало. Иако планирала да го земе синот од училиште, Стефани истрчала на работното место на нејзиниот сопруг, кое е блиску до местото каде што запрела нивната кола, за да побара помош од него.

Во меѓувреме, нејзината мајка останала да седи во автомобилот и да ја чека. Во еден момент ѝ пришла жена, ѝ тропнала на прозорецот и ја замолила да ѝ помогне да ги собере парите, што наводно случајно ѝ паднале.

Кога Менди излегла од возилото за да ѝ помогне на жената, непознат маж ја отворил вратата од автомобилот, ја зел торбата во која имало пари и накит.

Спектакуларниот грабеж се случил за три минути, а вредноста на украдениот накит и пари се проценува на неколку илјади евра.

Семеен пријател, кој слушнал што се случило со Стефани и нејзината мајка, започнал кампања GoFundMe за да собере пари за лекување на болното момче.

Досега се собрани околу 1.500 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер