Мајка го оставила 8- годишниот син сам во автомобил, тој нашол полн пиштол и се убил

Осумгодишно момче од Јута починало откако случајно се застрелало со наполнет пиштол оставен во автомобил додека неговата мајка пазарела.

Момче било само во автомобил во Лехи, Јута во понеделникот кога нашол наполнет пиштол под седиштето и се случила трагедија.

Момчето случајно си пукало во глава, брзо било пренесено во болница, но за жал починало.

Полицијата открила дека против мајката не е поднесена пријава, но истрагата за пукањето се уште е во тек.

Пукањето се случило пред продавницата Маверик.

Даг Шилдс полнел гориво кога слушнал истрел од огнено оружје, по што следел женски крик. Истрчал до автомобилот и здогледал вознемирена мајка која му рекла дека малото момче се застрелало, пишува Sky News.

Јута нема закони за кривично гонење на оние кои не успеваат да обезбедат огнено оружје без надзор. Државата, исто така, нема закони кои бараат огненото оружје без надзор да се чува на одредени начини.

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА.

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

Без вода дел од Чаир

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 10:30 часот се корисниците на улиците „Петре Георгиев“ и „Чаирска“.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Бонучи: Гвардиола сакаше да ме донесе во Манчестер сити

 Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Леонардо Бонучи зборуваше за тоа како можеше да заигра во Премиер лигата во 2016 година.

- Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, Манчестер сити и ПСЖ ме бараа. Тие ги испратија своите финансиски понуди, но јас сакав да останам во Италија и решив да се приклучам на Милан. Гвардиола веќе сакаше да ме види во Манчестер сити во летото 2016 година, изјави Бонучи за „Sky Sports“.

Бонучи го напушти Јувентус во 2017 година и се пресели во Милан. Една година подоцна, дефанзивецот се врати во клубот од Торино.

Последни два клуба пред да ја заврши кариерата во мај годинава, на Бонучи беа Унион Берлин и Фенербахче.

притисни ентер