Мајка го изгладнивала до смрт синот (14) и го чувала во ужасни услови, тежел само 15 килограми - Канал 5

Мајка го изгладнивала до смрт синот (14) и го чувала во ужасни услови, тежел само 15 килограми

Талија Нелсон (43) од Флорида е обвинета за занемарување и убиство, откако полицијата во куќата го пронашла телото на нејзиниот син (14), кој во моментот на смртта тежел само 15 килограми.

Мајка го изгладнивала до смрт синот (14) и го чувала во ужасни услови, тежел само 15 килограми

Во текот на истрагата, полицијата ги дознала ужасните детали за наводното запоставување и злоупотреба на момчето, пренесе Мирор.

За време на разговорот во полиција, мајката имала неколку оправдувања за состојбата во која е пронајден нејзиниот син, меѓу кои и тоа дека боледува од ретка болест.

Признала дека не побарала лекарска помош и дека го запоставила својот син.

На 01.01.2024 година полицијата добила повик дека во куќата е пронајдено лице во несвест.

Кога стигнале во куќата на Талија, го затекнале нејзиниот син како не дава знаци на живот. На телото биле видливи знаци на неухранетост и чиреви.

Полицијата при претресот на куќата утврдила дека детето живеело со мајка си во нехумани услови. Немале мебел, лебарки лазеле по ѕидовите и сè мирисало на урина.

На телото на момчето биле видливи повреди кои укажуваат дека најверојатно подолго време бил физички малтретиран.

Аутопсијата покажала дека занемарувањето, неухранетоста и повредите ја предизвикале смртта на момчето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Најмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). 

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Вториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи.

Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит.

Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути.

Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот.

Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед.

„Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз.

По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.

Винисиус му се извини на Реал,  потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса.

Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР.

Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина.

Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон.

Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен.

По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм.

Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции.

„Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер