Мајка е на 6 деца а има само 23 години - првото го родила на 14! - Канал 5

Мајка е на 6 деца а има само 23 години - првото го родила на 14!

23 годишната Шенон Картер возвраќа на критиките зошто станала мајка на толку млада возраст - имам 6 воспитани добри деца и среќно семејство, не се срамам, тоа е привилегија!

Мајка е на 6 деца а има само 23 години - првото го родила на 14!
- Кога го раѓав својот прв син Скот имав само 14 години. Требаше да одам на училиште и да се грижам за математика, а не да лежам во болнички кревет пред пораѓање, преплашена и збунета. Моето момче Гевин кој имаше 17 години седеше во чекалната, преплашен и збунет, исто како мене. Плачев од болки и од страв. не знаев што ми се случува, како се раѓа дете. Лекарите не се обидуваа да ми објаснат - зошто би објаснувале на глупаво девојче кое забременило толку рано - ја почнува својата приказна Шенон.

- Гледав во мајка ми да добијам поддршка но не ја добив. Таа само ми рече - ти го стави бебето внатре, сега ќе го извадиш надвор! Гога Скот се роди прво и го дадоа на мајка ми. Но кога потоа ми го дадоа во раце, почувствував се што сум читала дека може да се почувствува кога ќе се роди дете и знаев дека ќе бидам добра мајка - вели Шенон.

Таа велид ека сите кон неа покажувале нетрпеливост па дури и гадење, а единствената која направила човечки гест е жената која се породила во исто време и и покажала како се става пелена.

- Никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе и бидам благодарна - вели Шенон.

- Во тој момент му ветив на Скот дека никогаш нема да дозволам да се почувствува уплашен и сам како што јас се чувствував. Се што беше важно е Скот да биде заштитен и среќен!

Шенон не знаела дека е бремена до седмиот месец од бременоста. Мислела дека се поправила поради зголемен апетит. Но кога почувствувала движење во утробата, направила план да избега. Се посомневала нејзината наставничка која и кажала на мајка и.

- Не и кажувајте - ја молев, ќе ме убие - вели Шенон чии родители се разделиле кога имала 7 години.

На првиот преглед ми рекоа - ако нешто не е во ред со бебето тоа е твоја вина бидејќи досега не си дошла на лекар. За среќа Скот беше перфектен!

Шенон и Гевин раскинале, а таа самата го чувала својот син. Се вратила на училиште кога тој имал 3 месеци. Го оставала Скот во јасли до 18 часот и учела да надомести се што пропуштила. На 16 го запознала Ешли и веднаш останала бремена.Се родил Кајл.

- Полагав испити додека Кајл уште цицаше, беше тешко. А потоа забременив уште еднаш - не знаев дека додека се дои може да се забремени!

Се родила Ела Меј, а Шенон добила социјален стан.

- беше валкан и со глувци, но чистев секој ден додека да го направам наш дом.

Таткото на Кајл и Ела Меј ја напуштил Шенон кога наполнила 18.

А Шенон добила квалификација да предава сексуално образование, убедена дека тоа е неопходно за децата да знаат повеќе од што знаела таа кога била во основно училиште.

Тогаш го запознала 37 годишниот Ли Арам кој, за прв пат, бил внимателен со неа, во текот на четвртата бременост. Со него добила уште 3 деца.

- Мојот предизвик не е што немам пари или време да се грижам за семејството. Скромно живееме но имаме се. Мојот најголем предизвик е што секој ден некој ме осудува како можам да имам толку деца на толку млада возраст. Ккао се осмелуваат? Јас имам 6 прекрасни деца, шест скромни и културни, добри луѓе, опкружени со љубов. Да се има многу деца не е товар туку привилегија.Јас не сум лоша мајка зашто не можам да им купувам подароци секој ден или да ги пратам во приватни училишта. Ве молам кога ќе видите тинејџерка мајка, не ја осудувајте. Ние сме како и сите мајки - се обидуваме да направиме се најдобро за своите деца и семејството - порачува Шенон.

/ извор: Мирор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно на нишан?

Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Трамп повторно на нишан?

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз.

Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите.

Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом.

Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп.

Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица.

Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала.

Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер