Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 29 поени, а покрај него уште четири играчи имаа двоцифрен ефект Двејн Вејд 19, Реј Ален 11, Марио Чалмерс 11 и Норис Кол 10.
Резултати од ноќешните натпревари: Торонто - Њујорк 94:99, Орландо - Оклахома Сити 89:97, Индијана - Милвоки 102:78, Атланта - Портланд 93:104, Мајами - Детроит 103:89, Њу Орлеанс - Мемфис 90:83, Хјустон - Кливленд 116:78, Далас - Бостон 104:94, Сан Антонио - Јута 104:97 (продолжение), Феникс - Минесота 86:117 и Лос Анџелес Лејкерс - Вашингтон 100:103.
Двојки за вечерва: Шарлот - Детроит, Њујорк - Торонто, Чикаго - Индијана, Мемфис - Бостон, Денвер - Сакраменто, Лос Анџелес Клиперс - Бруклин и Голден Стејт - Вашингтон.
Пласман во плеј офот имаат изборено: Мајами, Индијана, Њујорк, Бруклин (Исток), Сан Антонио, Оклахома Сити, Денвер и Лос Анџелес Клиперс (Запад).
Пласман Источна конференција: Мајами 54-14 (победи-порази), Индијана 43-26, Њујорк 41-26, Бруклин 40-28, Атланта 38-31, Чикаго 36-31, Бостон 36-32, Милвоки 34-34,...