3Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност
Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
РакометМаја Зебиќ во Вардар СЦБТХрватската ракометарка Маја Зебиќ е најновото засилување на ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона. Искусната 31-годишна хрватска репрезентативка игра на позицијата лево крило, а во составот на „црвено-црните“ доаѓа по една сезона помината во РК Заечар, јави МИА. - Пресудно да преминам во Вардар беше одличната екипа која ја состави македонскиот тим. Едноставно сакав да бидам дел од тоа, бидејќи сметам дека таа екипа на ракометарки која доаѓа во Скопје може да стигне далеку во Лигата на шампионите. Заминувањето во Вардар го сметам за чекор напред во мојата кариера, вели Маја Зебиќ. Со Зебиќ, Вардар СЦБТ потпиша едногодишен договор. Пред да се пресели во Заечар, Зебиќ една година настапуваше за шпанската екипа Итчако. Оттаму заедно со Бегоња Фернандез лани заминаа во Србија, а од следната сезона хрватската и шпанската репрезентативка повторно ќе бидат во ист тим, овој пат во дресот на ЖРК Вардар СЦБТ. Професионалната кариера ја почна во 1996 година во Сплит Калтенберг, а краток период го носеше и дресот на ЖРК Локомотива. Потоа седум години беше дел од екипата на Подравка Вегета, а следната дестинација и беше Шпанија. Од 2003 година Зебиќ е стандардна во составот на репрезентацијата на Хрватска со која го освои 7.место на СП 2011 во Бразил, истиот пласман Хрватките го повторија и на ОИ во Лондон, а на последното ЕП 2012 во Србија завршија на 13.место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЦариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини. Идентификувани се два вида При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени. IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра). Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори. Важна улога во екосистемот Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт. Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација. Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.Тагови: контејнер цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БалканВучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)Доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводеше листата на СНС на парламентарните избори, го зеде српското знаме од Претседателството и објави на Инстаграм со свое објаснување.„Решив да го понесам со себе знамето на Србија што го носев за време на борбата во Обединетите нации, кога успеавме да ја победиме иницијативата на најмоќните земји во светот да го прогласат нашиот народ за геноциден. Ќе го вратам знамето на нашите институции кога ќе бидам сигурен дека ќе се однесуваат кон него со почитта што ја заслужува и дека нема да го уништат, како што ги уништуваат муралите на нашите светци низ цела Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Тагови: Александар Вучиќ знаме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Брвеница: Во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1На Македонија ѝ требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1.Почитувани граѓани на Брвеница, драги пријатели, браќа и сестри, почитувани домаќини, Денес сум овде со една едноставна, но силна порака. Една Брвеница за сите. Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед на неговата национална, верска или политичка припадност, ќе чувствува дека ова е неговиот дом, неговата општина и неговата држава. Затоа што силата на една општина не се мери само со бројот на изградени улици, водоводи и училишта. Таа се мери и со довербата меѓу луѓето. Со чувството дека никој не е заборавен, дека никој не е оставен сам и дека институциите постојат за да му служат на граѓанинот, а не граѓанинот да им служи на институциите. И токму затоа денес сакам да зборувам за една Брвеница која не се дели. За Брвеница која ги обединува своите луѓе. За Брвеница во која различностите не се причина за поделби, туку богатство што треба да го чуваме. Драги пријатели, браќа и сестри, Во политиката постојат два вида луѓе. Едните доаѓаат пред граѓаните кога им треба нивниот глас, а другите остануваат со граѓаните и тогаш кога ќе завршат изборите, кога ќе се изгаснат камерите и кога ќе започне вистинската работа. Јас верувам во вторите. Верувам во луѓето што не бараат изговори, туку решенија. Во оние што не ја гледаат функцијата како привилегија, туку како обврска. Во оние што знаат дека зад секоја одлука стои нечиј живот, нечија мака, нечија надеж. И затоа е Брвеница важна. Важна е не само за луѓето кои живеат овде, туку и за цела Македонија. Затоа што овде се покажува карактерот и ставот на народот, неговата решителност и неговата јасна определба за тоа каква иднина сака, каква држава посакува и за каква Македонија сме подготвени да се бориме. А изборот е јасен и појасен не може да биде. Од една страна се оние кои сакаат да нè вратат назад, во времето на поделбите, политичките пазарења и личните интереси, а од другата страна се луѓето кои веруваат дека Македонија мора да оди напред, дека државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека иднината не смее да биде заложник на ничии политички калкулации. И затоа сакам да ви кажам нешто многу важно. Кога некој постојано продава етнички магли, кога отвора национални прашања секогаш кога нема што да понуди, кога поважно му е нечие име или презиме отколку неговиот карактер, кога етничката припадност ја става пред трудот, чесноста, енергијата и љубовта кон Македонија, тогаш имате сериозна причина да се запрашате какви се неговите вистински намери. Затоа што патриотизмот не се докажува со националистички пароли, туку со дела. Со чесна работа, со одговорност и со човечко почитување. А оние што најгласно зборуваат за национални интереси, многу често најмногу мислат на сопствените лични интереси. Колку повеќе зборуваат за народот, толку повеќе треба да ги гледаме нивните дела. И колку повеќе се кријат зад национализмот, толку повнимателно треба да се прашаме дали зад него стои вистинската грижа за граѓаните или само желба за власт и привилегии. Овде, во Брвеница, политички се соочуваме со коалицијата којашто ја предводи ДУИ. А нив добро ги познавате. Ги знаете како буквар. Тоа се истите оние политичари кои со години ја имаа власта повеќе од две децении, и наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните, јавноста ги гледаше како играат фудбалчиња и кошаркарски партии во кабинетите. Оние чие владеење го одбележаа бројни прашања за тендери, привилегии и блискоста со одредени бизнис-кругови. Оние кои постојано зборуваа за правата на Албанците, а денес треба да одговараат што конкретно направиле за подобар живот на обичниот Албанец, на обичниот Македонец или на било кое друго семејство коешто живее во оваа држава. Затоа што сиромаштијата нема националност. Корупцијата не прашува на кој јазик зборувате. А кога политичарите работат за себе наместо за народот, штетата тогаш ја плаќаат сите. И токму затоа е време да се стави крај на политиката која ги дели луѓето за да може полесно да владее со нив. Драги пријатели, браќа и сестри, за да успееме во тоа, мораме да бидеме обединети. Не обединети против некого, туку обединети за нешто поголемо од сите нас. Обединети за подобар живот, за посилна Брвеница, за Македонија во која ќе има место и можности за секој човек. Брвеница има вредни луѓе, земјоделци кои секое утро стануваат пред сонцето, стопанственици кои создаваат работни места, наставници кои ја градат иднината на нашите деца, лекари, работници, пензионери, млади луѓе со идеи и амбиции, семејства кои со чесна работа и многу откажувања создавале домови и иднина. Тие луѓе не бараат невозможни работи. Бараат пристојни услови за живот. Бараат патишта по кои безбедно ќе се движат, чиста вода во своите домови, уредени училишта, функционални јавни услуги и институции кои ќе им служат. И тоа не е луксуз. Тоа е право на секој граѓанин. Драги пријатели, Сакам посебно да им се обратам на младите луѓе од Брвеница. Знам дека многумина од вас размислуваат за заминување. Знам дека има и такви коишто гледаат кон Германија, Швајцарија, Австрија и некои други западноевропски земји, барајќи подобра плата, повеќе можности и поголема сигурност. И никого нема да осудувам поради тоа. Секој човек има право да бара подобар живот. Но како претседател на Владата имам обврска да работам за Македонија, да се борам за Македонија да стане земја во која заминувањето нема да биде нужност, туку избор. Земја во која млад човек ќе може да успее со сопствениот труд. Земја во која вреди да се формира семејство, да се инвестира, создава и да се остане. Затоа е важно да се обединиме. И затоа денес ве повикувам сите заедно, жителите на Брвеница да го поддржиме Стојанче Радичевски нашиот Цоки. Тој е кандидатот на сите граѓани. Тој е изборот кој може да донесе подобар живот, живот за сите. За членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, на нашата коалиција, на СДСМ, на ВРЕДИ, на ДУИ, за политички определените и неопределените, за секој човек кој ја сака Брвеница и кој сака Брвеница да оди напред. Изборот овде е јасен: иднина или назадување. Да покажеме дека можеме да бидеме различни, а сепак обединети. Дека можеме да имаме различни ставови, а сепак да ја сакаме нашата заедничка татковина Македонија. Дека можеме да се натпреваруваме во политиката, а да бидеме заедно кога се работи за иднината на нашите деца. Сакам овде да испратам и една многу важна порака којашто мислам дека е добро да се каже денеска на овој последен и завршен митинг. Кажав веќе во мојот говор, во моето излагање дека Стојанче Радичевски нашиот Цоки е човекот којшто очекувам жителите на оваа преубава општина Брвеница да го поддржат и тоа без разлика на етничката, политичка, и верска припадност. Имав многу пати можност да поминам време овде во оваа општина во различни населени места, последниот пат за мене беше исклучително впечатлив кога поминавме неколку населени места коишто во суштина се мултиетнички и повеќе конфенсионални. Во едно населено место во Теново едно прекрасно, убаво место една до друг беа и џамијата и црквата. Еден човек од луѓето коишто беа присутни тука ми повлече за раката и ми рече: Дојди да ти кажам нешто. Се повлеков неколку чекори заедно со него, ми вели ја гледаш џамијата, да велам ја гледам, ја гледаш црквата? Да, велам ја гледам, е ние овде се поздравуваме, се молиме на ист Бог во различни верски храмови. Муслиманите влегуваат во џамијата, а христијаните православни влегуваат во црквата. И така е со години, така е со децении и така е со векови. И така ќе биде со децении, со векови, но има политичари коишто изминативе денови па и денес се обидуваат да ве делат. Се обидуваат да ве делат и по етничка и по верска и по било каква линија. Тоа се луѓе коишто во својот скромен политички опус нема да останат по ништо запознати освен по поделбите. По ништо нема да ги запомниме, само по поделбите. Треба да знаете дека ќе помине 1 Ноември, ќе дојде 2 Ноември, тие ќе заминат и прашање е дали некогаш повторно ќе се вратат овде. А, вие и во Теново и во Радиовце и во Брвеница и во Седларце и во Милетино и во Челопек и во сите други населени места ќе продолжите да живеете еден покрај друг. Ќе си бидете поддршка еден на друг. И кога вашите најмили поради тоа што некој одлучил да ве дели ќе одлучат да заминат некаде, вашите деца, вашите внуци, без разлика каде дали тоа ќе биде миграција внатрешна или ќе заминат надвор тогаш подеднакво ќе боли солзата на мајката Албанка и на мајката Македонка, подеднакво ќе боли солзата на старата мајка Албанка и на старата мајка Македонка. Сетете се ова што ви го зборувам, тие нема да бидат тука со вас, повторно ќе бидеме ние, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Зошто ова го зборувам? Затоа што тие беа причината илјадници млади луѓе да заминат, и сега без трошка каење, без трошка срам, ги молат да се вратат и повторно да ги делат, без притоа да понудат ниту малку иднина и проекти. Тие не зборуваат за проекти, тие не го знаат тој речник, имаше градоначалници и градоначалници. Имаше влада во којашто беа повеќе од 2 децении, колку проекти направија за Брвеница? Нула, нула проекти. Сакате проекти? Нула. Сакате по тоа да се мериме? Денеска се прават спортски сали, училишта се реновираат, спортски игралишта, патни делници се асфалтираат. Тоа е разликата меѓу оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и владата во којашто повеќе од две децении беше Демократската унија за интеграција. Освен поделби, ништо. Сакате за правда да збориме? Ајде да збориме за правда. Сетете се на модуларната болница, сетете се како луѓе живи гореа и сетете се на одлуката на врховниот суд, видете ги судиите коишто ја донесоа таа одлука на 22 октомври, овој месец, кога ги ослободија тие луѓе. Истите тие луѓе. Зашто? Затоа што се блиски до раководството на ДУИ. Сакаме ли таква правда? Тоа ли е иднината на Македонија? Тоа ли е нашата заедничка иднина и на Македонците, и на Албанците и на останатите заедници коишто живееме едни покрај други со векови. Затоа ве повикувам масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 1. Да заокружиме за Стојанчо. Да ги поразиме овие политичари на минатиот век. Овие луѓе не се политичари на иднината. Затоа што на Македонија не и се потребни нови поделби, и се потребни успеси. Не и се потребни изговори, потребни се резултати. Не и се потребни политичари кои ќе кажуваат зошто нешто не може да се направи, туку луѓе кои ќе најдат начин тоа да се направи. И таа наша обврска, таа наша борба е борба од која не смееме да се откажеме. Една Брвеница за сите, една иднина што ќе ја градиме заедно. Една Македонија што ќе оди напред. Одиме на убедлива победа. Нека ни е жива Брвеница. Бог да ни ја благослови Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06