Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураМаја Вељковиќ-Пановска е нов в.д. директор на Драмски театар СкопјеАктерката Маја Вељковиќ-Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје (ДТС). Доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска-Хаџи Василева која, како што соопшти ДТС, се повлекува од лични причини.Маја Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година, има остварено повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ земјава, а во Драмски е вработена од 1999 година. Покрај театарски улоги, има учествувано и во филмови: „Последниот фалцер“ (2000); „Големата вода“ (2004); „Бардо“ (2012); „Незрели цреши“ (2015). Добитник е на наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на фестивалот „Војдан Чернодрински “ во 1999; а на овој фестивал во 2002 ја добила и Наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“. -Со своето богато професионално искуство, Маја Вељковиќ-Пановска несомнено ќе даде значителен придонес во реализацијата на програмата за работа и унапредување на театарската дејност во националната установа.Колективот на Драмски театар изразува благодарност на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева која од вработувањето во 1983 година е член на ансамблот на Драмски театар Скопје, наведува ДТС во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан КопманДенеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните. Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЖивотСтапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултетиПариската полициска управа, почнувајќи од денес па сè до петок, забрани ненајавени собири и протестни поворки во радиус од 100 метри околу десет средни училишта и пет универзитетски објекти во француската престолнина. Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM. Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас. „Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката. Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“. Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование. „Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Шоу бизЗапален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип ЖивојиновиќЏип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом. Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот. Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент. Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.Тагови: Александра Пријовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55