Маја Бабиќ : Внимателно се подготвува „Глумците пеат“ - Канал 5

Маја Бабиќ : Внимателно се подготвува „Глумците пеат“

Внимателно се подготвува „Глумците пеат“, горди сме што Марин започна приказна која сега ја добива втората шанса

Маја Бабиќ : Внимателно се подготвува „Глумците пеат“

Секоја точка од „Глумците пеат“ внимателно се подготвува. На сцена ќе ги имаме ветераните, оние кои настапувале на повеќе претходни изданија, но и актери кои во тоа време ги правеле своите почетоци, а сега се етаблирани имиња. Имаме и млади актери кои не настапувале тогаш, открива за МИА, Маја Бабиќ, ќерката на Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на оваа манифестација.

Маја најавува одлично шоу, неверојатно позитивна енергија, многу музика и добра забава.

„Глумците пеат“ почна да се прикажува во 1992 година, а последните изданија беа во 2005 година. По 17 години пауза, манифестацијата повторно се враќа на 20 април годинава во Националната опера и балет (НОБ). Веќе следната година се враќа на стариот термин, на 27 Март - Денот на театарот.

Годинава, концептот, како што вели Маја Бабиќ, е да го вратат шоуто, да го „оживеат“, а веќе имаат големи планови за следните изданија.

-Не е воопшто лесно да се врати нешто што некогаш било една од најдобрите и најпопуларни продукции во државава. И покрај фактот дека „Глумците пеат“ не се одржуваа изминативе 17 години, восхитени сме од реакциите на публиката, на медиумите, а најмногу од реакциите на актерите, кои буквално со истиот ентузијазам и енергија повторно влегоа во проектот. Го имаме Дејан Пројковски како режисер и тоа ни дава целосна верба дека го враќаме шоуто на голема врата, појаснува Бабиќ за МИА.

Враќањето на оваа манифестација најпрвин почнала со емотивна одлука со нејзината сестра, во чест на нивниот татко, Марин Бабиќ.

-Враќањето на „Глумците пеат“ започна со емотивна одлука, моја и на сестра ми, бидејќи некако си зацртавме дека во негова чест, „Глумците пеат“ мора да се вратат. Свесни бевме дека времето за подготовки е кратко, но за среќа имаме одлични, талентирани актери, кои даваат се од себе на 20 април да имаме одлична вечер, вели таа.

Маја Бабиќ не сакаше да ги открива имињата на актерите, но потенцира дека публиката ќе добие шоу со неверојатно позитивна енергија од сцена, многу музика и добра забава.

-Во оваа фаза не би сакала да откриваме ништо повеќе, впрочем и порано беше пракса да не се објавуваат имињата на актерите, од едноставна причина – таа вечер сите се исти, сите се ѕвезди и сите заслужуваат еднакво внимание. Секоја точка внимателно се подготвува, се вложува целиот креативен потенцијал на секој учесник, појаснува Бабиќ.

„Глумците пеат“ првпат се прави без нејзиниот татко, кој беше мозокот и изворот на идеи за оваа манифестација. Но, како што вели, заедно со сестра и работеле претходно на овој проект, и не и е непознат процесот на работа.

-За среќа и двете порано работевме на овој проект, па не ни е непознат процесот на работа. Но, секако овој пат имаме измешани чувства. Првпат го правиме без нашиот татко, кој беше мозокот и изворот на идеи. На моменти застанувам, се прашувам како тој би одлучил, како би реагирал во одредена ситуација, дали изборот на актерите и песните би му се допаднал. И тогаш сфаќам дека сепак ние сме тие што мора да пресечеме, додава таа.

Дури сега, како што вели, ја согледува важноста на она што го правел Марин Бабиќ и на енергијата што ја вложувал.

- Верувам дека сепак крајниот резултат би му се допаднал. Дури сега ја согледувам важноста на она што го правел и колку енергија вложувал во се ова. Ние како ќерки сме горди што Mарин имал визија, што размислувал надвор од кутијата и што се охрабрил пред 30 години да започне една приказна која денес ја добива својата втора шанса, вели Маја Бабиќ./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

Лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со апсењето на градоначалничката на Смедерево.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

- Ја уапсивте поради депонијата! Не поради пари, туку поради депонијата - забележа тој на почетокот од своето обраќање, тврдејќи дека насилниците дошле во нејзината канцеларија за да ја принудат да поднесе оставка, што таа во тоа време го одбила, објави Телеграф.

Теророт е во тек, тврди Вучиќ, како и „затворањето на медиумите, мечот над главата на Информер, но и на сите други кои се осмелуваат да бидат непослушни“.

- Не го кажувам ова за себе, туку за тие луѓе, за нивните семејства да знаат дека сме со нив и дека не се криминалци. И второ, заради историјата, за да знаат дека утре ќе дојде, и дека ова сега ќе се нарече „вчера“. Бакиќ мисли дека тој е гениј, а ние сме глупави. Сите директно расистички изјави и никој од РЕМ не сака да ги казни за тоа. Едно знам дека има луѓе кои гласаа за Студентскиот список, а кои не го сакаа ова - рече Вучиќ.

- Луѓето сакаа мир и стабилност, а не нестабилност и непознавање на елементарната демократска пракса.

А денес, додаде тој, добил информација дека португалски инвеститор, со кого преговарал 2 години за инвестиција во Бачка Топола, како што стојат работите, се откажува.

- Дека една од најважните компании, која требаше да ни покаже нешто величествено и различно на ЕКСПО, се откажува. Ќе добиете официјално известување за ова во понеделник. Причините се едноставни: луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не ја чувствуваат стабилноста каква што отсекогаш сме имале и што отсекогаш сме ја обезбедувале. И можете да им кажете на луѓето, и можете да ги предупредувате секој ден: работите се влошуваат - рече Вучиќ.

- Ќе трошат огромни суми пари за здравствена заштита, нема казни за предвремено пензионирање. Па кој ќе работи за нас тогаш, луѓето ќе се пензионираат масовно - изјави Вучиќ и праша „а како ќе ја финансирате државата“.

- Некој многу посериозен мора да ја заврши таа работа. Па, да седнеме во фотелјата, да видиме кој ќе ја заврши таа сериозна работа.

Им рече на обвинителите и судиите дека ќе одговараат за она што го прават.

- Доаѓа време за пленуми и газење на демократијата. На луѓето во Србија кои нè поддржуваат, само сакам да кажам, знам колку ви е тешко. Знам што значи јавно да се срамат луѓе кои немаат ништо. Сè е исто како во времето на Демократската партија кога се правеа списоци на соодветни обвинители и судии - рече Вучиќ.

YouTube video

Тој рече дека Единствена Србија ќе биде столб на стабилност и дијалог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. 

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот.

„Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот.

„Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“.

Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер

Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше.

YouTube video

Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп.

Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради.

„Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер