ЖивотМахса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран добитници на наградата „Сахаров“ за 2023Починатата иранска активистка за правата на жените Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран се добитници на Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година.Починатата иранска активистка за правата на жените Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран се добитници на Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година, што ја доделува Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти претседателката на Европарламентот Роберта Мецола на денешното објавување на лауреатите, 16 септември 2022 година ќе остане запаметен по бруталното убиство на 22-годишна Џина Махса Амини, што претставуваше поттик за движењето на правата жените во Иран, кое испиша историја. - Светот ги слушна повиците „жена, живот и слобода“, три збора кои станаа поттик за сите оние кои се залагаат за еднаквост, достоинство и слобода во Иран. Затоа, денеска да им оддадеме почит на храбрите и пркосни жени, мажи и млади луѓе во Иран, кои го зголемија притисокот за промени, истакна Мецола, додавајќи дека Европскиот парламент ги слушна, а светот ги виде овие барања. Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран. [Демонстранти во Техеран и во други ирански градови, денеска запалија полициски станици и возила] Покрај, овогодишни избрани финалисти за освојување на наградата беа и борците за човекови права Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва, како и застапничките за легализација на абортусот Јустина Видрињска од Полска, Морена Херера од Салвадор и Колин Мекниколас од САД. Одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници. [Европскиот Парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мисла на Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цапкала од белоруската опозиција за нивната храброст во борбата пр] Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра. Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија. Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во СкопјеОд денеска, граѓаните во Скопје имаат на располагање нова дигитална алатка за пријавување еколошки проблеми. Официјално е лансирана ЕкоСкопје, паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување проблеми во градот и придонесува кон подобра комуникација меѓу граѓаните и надлежните градски служби. Платформата е достапна за користење на: ekoskopje.skopje.gov.mk Преку ЕкоСкопје, граѓаните можат да пријават еколошки проблем со приложување фотографија и локација. Пријавите се евидентираат во системот, по што следува нивно разгледување, проследување до соодветните градски служби и ажурирање на статусот. На овој начин, платформата создава можност за поедноставна и поорганизирана комуникација за еколошките проблеми во Скопје. ЕкоСкопје е резултат на младинска идеја која прерасна во функционална дигитална алатка и потребата на градот за директна комуникација со граѓаните. Официјалната промоција на ЕкоСкопје се одржа денеска во Europe House Скопје, во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје. На настанот се обратија Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Ewout Sandker, претставник на Европската комисија, и Иван Јованов, Извршен директор на ЛЕАД, кои го истакнаа значењето на младинското учество, дигиталните иновации и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во создавањето решенија за подобар град. „И јас живеам во градот, пешачам и ги гледам истите проблеми, го дишам истиот воздух и знам колку може да биде фрустрирачки. Честитки до тимот и организацијата за оваа платформа која овозможува граѓаните и младите да бидат слушнати а градските служби ефективно да реагираат. Но можеме да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почетокот.“ изјави Еваут Сандкер, претставник на Европската комисија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги охрабрува сите граѓани и млади: „На Скопје му се потребни идеи кои стануваат дела и соработка што носи видливи промени. Денес промовираме токму таков пример, платформа создадена од младинската енергија. Трудот на младите заслужува признание и практична поддршка а наша обврска е да создадеме простор нивните предлози да добијат примена. Ги повикувам граѓаните да ја користат платформата, а младите ги охрабрувам да продолжат да создаваат.“ Во рамки на настанот, Андреј Божиновски, член на победничкиот тим , ja претстави веб-платформата. ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, кој го реализира ЛЕАД во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНапнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствувањеЈужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“. Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна. „Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации. Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите. Извор: Б92Тагови: Јужна Кореја Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалНа улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одиграПретстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни. Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот. Touchdown in Paris. 🇫🇷 https://t.co/oKL7evXSdR — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 19, 2026 „Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот. ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време. Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter