МАГО: Во мобилните гинеколошки амбуланти најмал одѕив од младите од 15 до 30 години - Канал 5

МАГО: Во мобилните гинеколошки амбуланти најмал одѕив од младите од 15 до 30 години

Прегледани се жени и девојки кои живеат во тешко достапни региони и таму каде што нема матичен гинеколог.

МАГО: Во мобилните гинеколошки амбуланти најмал одѕив од младите од 15 до 30 години

Од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари информираат дека во 2022 година со мобилни гинеколошки амбуланти, биле реализирани 220 теренски посети, опфатени околу 2 200 жени и девојки и се откриени 35 пациентки со различни типови на предканцерозни промени.

Прегледани се жени и девојки кои живеат во тешко достапни региони и таму каде што нема матичен гинеколог, како Македонски Брод, Демир Капија, Делчево, Старо Нагоричане, Конче, Чешиново, Облешево, Ранковце, Чашка, Могила, Василево, Врапчиште, Теарце, Липково, Градско, Крушево, Дојран, Центар Жупа – дебарско и така натаму, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Откриени се присуство на ХПВ, цервицитис, диспластични промени на грлото на матката, рак на грлото на матката, рак на вагината и друго. Тие се упатени на дополнителни контроли, терапија или оперативен зафат, каде навременото лекување и контрола спречува влошување на состојбата и развој на напреден стадиум на рак на грлото на матката. При вагиналниот и ултразвучниот преглед во мобилните гинеколошки амбуланти, се открија и други болести, патологии на женските репродуктивни органи како што се цервикали и ендометријални полипи, ендометријална хиперплазија, миоми и патолошки цисти на јајниците. Притоа, секоја пациентка е соодветно информирана за состојбата и упатена за дополнителни прегледи или евалуација, појаснуваат од МАГО.

Укажуваат дека сите овие откриени случаи овозможуваат заштеда во трошоците на лекување, како и побрзо и поефикасно целосно излекување на пациентките, што им овозможува понатаму да живеат нормален здрав живот.

По возрасни групи на прегледани пациентки, најголем одѕив забележано е кај жените на возраст од 50 до 60 години, или 30 отсто. Најмал пак, од девојките и млади жени на возраст од 15 до 30 години, само пет проценти. Како што се посочува во соопштението, затоа се прават и теренски дополнителни едукации на младите, за да се разбере потребата од навремен и превентивен гинеколошки преглед.

– Министерството за здравство, препознавајќи ги придобивките од овој начин на приближување на неопходните превентивни прегледи до оваа популација во ризик, цврсто застана во поддршката за продолжување на посетите со мобилните гинеколошки амбуланти. Освен по регионална, беше овозможена достапност на гинеколошките услуги и за ранливите социјално-економски категории во соработка со институциите на државата и невладиниот сектор. Станува збор за жени – осудени лица распределени во затворите во Република Северна Македонија преку пристап до Казнено поправната установа „Идризово”. Потоа, корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници, преку соработка со невладината организација „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“. Исто така и за жените и девојките од ромските семејства кои живет во прилепската населба Тризла, преку соработка со Ромскиот ресурсен центар и Здружението за перспективна интеграција и развој „Рома перспектив“, Прилеп. Потоа, жените и девојките вработени во текстилните компании, преку соработка со Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Штип. Тука се и жените и девојките мигранти и баратели на азил во нашата држава, преку соработка со Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Ла Страда – Отворена порта“, информира Асоцијацијата.

Само по однос на проценетиот трошок на државата, односно Фондот за здравство, годишно за третман на жените што боледуваат од напреден стадиум на рак на грлото на матката се издвојуваат речиси 29 милиони денари, а според МАГО, со добра превенција и редовни ПАП прегледи, трошоците ќе бидат десеткратно помали, а квалитетот на животот на жените ќе биде драстично подобрен.

Мобилните гинеколошки амбуланти претставуваат специјално адаптирани возила за брза помош, имаат гинеколошки стол, ултразвучен апарат и можности за земање на разни иследувања, каде прегледот го врши специјалист гинеколог – акушер во придружба на медицинска сестра. Пациентките кои се закажуваат за преглед со помош на Црвениот крст на Република Северна Македонија и семејните лекари во одредената општина, добиваат целосно интегрирана здравствена услуга – бесплатен гинеколошки и ултразвучен преглед и ПАП тест со цел рано откривање на ракот на женските органи, грлото на матката, јајниците и ендометриумот. Истовремено, пациентките добиваат и совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство, како и информации, грижа и упатување во случај на постоење на родово базираното насилство.

Прегледите се интегрирани во електронскиот здравствен систем, „Мој термин“, што овозможува дополнителни упатувања за иследувања и преглед во други здравствени установи.

Проектот „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“, што опфаќаше мобилни гинеколошки амбуланти е поддржан од „UNFPA (Фондот за население на Обединетите Нации)“ и Министерството за здравство, а лани беше дел од „Програмата за рана детекција на малигните заболувања на Република Северна Македонија за 2022 година и спречување на ракот на грлото на матката“.

Активностите на мобилните гинеколошки амбуланти се реализираат преку соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со Македонското лекарско друштво, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Црвениот крст..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост

Јапонецот Даики Хашимото ја освои својата четврта последователна светска титула во повеќебој откако се истакна во последната ротација и ја потврди својата доминација на греда во финалето на Светското првенство во гимнастика во Ротердам. 

Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост

Јапонскиот гимнастичар го заврши натпреварувањето со вкупно 85,988 поени, вклучувајќи 14,766 на греда, иако можеше да избере побезбедна вежба за да ја задржи својата предност и да го обезбеди златото.

25-годишниот Хашимото, олимпискиот шампион во повеќебој од Токио 2021 година, не дозволи слабиот почеток на подот, по кој беше само десетти, да го поколеба. До крајот на натпреварувањето, тој успеа да го сврти плимата и повторно да покаже зошто е еден од најдобрите гимнастичари денес.

Сребрениот медал му припадна на Кинезот Јанг Хаонан со 84,199 поени, додека Британецот Џо Фрејзер беше трет со 83,531. Рускиот гимнастичар Арсениј Духно, кој имаше шанса да влезе во трката за медал, падна за време на неговата рутина на греда за рамнотежа и заврши седми со неколку грешки. Американецот Фредерик Ричард го освои осмото место, додека неговата сонародничка Данила Лејкин беше 11-та во своето прво финале во повеќебој на светските првенства.

Хашимото со тоа ја продолжи серијата што започна во 2021 година, а само еден гимнастичар има четири последователни светски титули во повеќебој пред себе, легендарниот сонародник Кохеи Учимура, кој освои злато шест пати по ред, од 2009 до 2015 година.

Хашимото е висок само 164 сантиметри, а веќе го споредуваат со легендарниот Учимура

Хашимото е висок само 164 сантиметри и тежи 54 килограми, но комбинацијата од врвна техника, прецизност и тежина на елементите ја претвори во своја најголема предност. Експертите долго време го гледаат како наследник на Кохеи Учимура, еден од најголемите гимнастичари на сите времиња, кого го почитува.

Неговиот успех не е случаен, туку резултат на огромна напорна работа и дисциплина. Поради неговата исклучителна издржливост и неисцрпна енергија, неговиот тренер од средно училиште му го дал прекарот „Господин бескрајна издржливост“, додека неговите пријатели и колеги од репрезентацијата често го нарекуваат Хашидаи.

Напорната работа му помогнала да ги надмине повредите и притисокот од големите натпреварувања, а неговата четврта последователна светска титула е потврда дека упорноста и часовите поминати во теретана се исплатуваат.

Хашимото веќе има три златни олимписки медали и едно сребро во својата колекција, или седум медали од светските првенства и шест втори места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк

Во ретко ноќно гласање, чешката владејачка коалиција ги протурка промените во финансирањето на јавните медиуми во првото парламентарно читање, и покрај критиките дека тие би можеле да ја ослабнат независноста на јавниот радиодифузер.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк

Популистичката влада на милијардерот премиер Андреј Бабиш, поддржана од крајно десничарската партија СПД, честопати го критикуваше известувањето на јавните и приватните медиуми за своите политики и ги обвинуваше одредени медиуми за пристрасност.

Опозициските партии ги споредија предложените промени со реформите во Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, кој надгледуваше масовно проширување на прорежимските медиуми.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата на јавниот сервис. Новинарите најавија штрајк.

Владата вели дека ја укинува месечната претплата за домаќинствата од 205 круни (9 евра) со цел да ги намали трошоците за потрошувачите. Наместо тоа, финансирањето би се обезбедило директно од државниот буџет.

Предлогот беше ставен на дневен ред во петокот надвор од планираниот работен распоред. Претседателот на парламентот Томио Окамура од СПД-аф ја ограничи дебатата и го закажа гласањето за сабота во 4:36 часот наутро.

Владејачката коалиција потоа гласаше да го испрати законот до комисиите за понатамошна дискусија. Стотици демонстранти се собраа пред парламентот, а некои останаа таму цела ноќ. Локалните медиуми објавија дека неколку лица безуспешно се обиделе да влезат во зградата.

Критичарите предупредуваат дека промените ќе го ослабат јавното радиодифузно емитување и ќе го направат ранлив на политички притисок.

Чешката телевизија е најгледаниот радиодифузер во земјата меѓу сите главни возрасни групи, додека јавните медиуми се меѓу најдоверливите извори на вести во земјата - според анкетата на Институтот Ројтерс за 2025 година.

Новинарите најавија штрајк

Предлогот предвидува намалување на финансирањето на Чешката телевизија и Чешкото радио за околу 15 проценти, можеби веќе следната година, и задржување на номиналниот износ на финансирање непроменет неколку години.

„Нема војна за независни медиуми“, рече Бабиш на Фејсбук доцна во петокот. „Нема борба за демократија, ниту се подготвува национализација на медиумите.“

Предлогот и неговото итно разгледување предизвикаа остри критики од јавната радиотелевизиска компанија, меѓународните новинарски здруженија и институциите што ги вклучуваат универзитетите и Католичката црква.

„Предложениот закон е спротивен на Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој бара соодветно, стабилно и предвидливо финансирање на јавните медиумски услуги“, изјави Европската федерација на новинари во соопштението.

Новинарите и другите вработени во јавниот сектор најавија штрајк за 3 ноември, додека граѓанското здружение повика на протест во недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијата

Тугба Онур (46) почина вчера околу 16 часот за време на липосукција (отстранување на маснотии) во приватна болница во населбата Зејтинбурну во Истанбул. 

Трагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијата

По добивањето на трагичната вест, Мурат Онур тврдеше дека неговата сопруга починала како резултат на погрешна интервенција за време на операцијата. Се дознава дека болничките службеници не сакале да даваат никакви изјави во врска со случајот, објави Хуријет.

Мурат Онур (46) опиша што се случило и нагласи дека неговата сопруга немала здравствени проблеми пред операцијата, и дека лекарот во болницата дури и не ја посетил пред процедурата.

„Пристигнавме во болницата во 08:30 часот наутро. Чекавме до 15:30 часот. Кога пристигна докторот, мојата сопруга беше внесена во операционата сала. Докторот дури и не ја видел пред операцијата. По околу еден час, тој дојде до мене и рече дека мојата сопруга имала срцев удар и дека не можеле да ја реанимираат.

Моментално нема никој од администрацијата на болницата или од лекарите. Болницата е отворена, но немаме со кого да разговараме. Ни кажаа дека анестезиологот не е во болницата, дека си отишол дома. Како може анестезиолог да ја напушти болницата за време на процедура што се изведува под општа анестезија? Кој ќе биде одговорен за ова? Дознавме дека слични инциденти се случиле во оваа болница и претходно. Претходно немавме сознанија за ова. Мојата сопруга работеше како негувателка во домот за стари лица „Дарулаџазе“.

Само една недела претходно, таа беше подложена на општи систематски прегледи во таа институција. Немаше хронични заболувања“, рече Онур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер